Претходно
Едноставна летна фризура: Бохо плетенка во јазол
Постојат многу нешта кои можат да ви помогнат да ги доживеете во целост најтоплите денови во годината. Тие нешта вклучуваат разиграни летни комбинации со шарени марами, ленти за глава или плетенки во косата. Целта е да имате едноставна и убава летна фризура која ќе го отсликува летото во вашата коса. Токму затоа ви го препорачуваме овој бохо јазол за кој ви се потребни само 5 до 10 минути. Оваа фризура е совршена за дневно излегување.
Чекор 1 – Доколку имате рамна коса, со фигаро направете бранови
Чекор 2 – Почнете да плетете странични плетенки, започнувајќи од областа над вашите уши
Чекор 3 – Откако ќе завршите со плетенките, фатете ги за нивните врвови и врзете ги во јазол
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.