Едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк

Едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк

Празниците се период кога дури и најупорните прават отстапки кога станува збор за здравата исхрана. Но, без разлика дали си дозволувате залак повеќе само за време на празниците, еднаш неделно или еднаш месечно, добро е да знаете на кој начин може да се вари целата таа храна побрзо, подобро и полесно. Постои една јога поза што може да ви помогне во тоа. Имено, по оброкот, добро е да помогнете во варењето на храната со лесни вежби и истегнување. Сè што треба да направите по обилен оброк е да седнете на подот и да земете перница во рацете.

Едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк

Вежба за забрзување на циркулацијата и на метаболизмот

  • Земете помека перница што ќе можете да ја завиткате и направете ја како валјак.
  • Колку е поцврста перницата, толку е подобра за масажа на стомакот.
  • Истегнете ги нозете и свиткајте ги стапалата кон остатокот од телото колку што можете повеќе.
  • Свиткајте се нанапред, односно свиткајте го торзото над перницата и вдишете абдоминално и длабоко.
  • Останете во таа положба онолку колку што ви е потребно за да се чувствувате полесно.

Погледнете го овој 20-минутен тренинг за почетници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар