Едноставен трик за слабеење: Изгубете 2 килограми за само 1 ден
Доколку сакате да ослабите, а никако не успевате, тогаш ви го препорачуваме овој трик со чија помош можете да изгубите и до 2 килограми за само 1 ден. Станува збор за диета со комбинација на млеко и чај која е најпозната во Велика Британија, каде што чајот е задолжителен дел од секојдневието.
Чајот, врз основа на неговиот вид и основните состојки, носи бројни придобивки за организмот. Во комбинација со млекото, тој може да ви помогне и да ослабите. Најдобро е да одберете зелен или црн чај, бидејќи нивните состојки се детоксикациска бомба која позитивно влијае врз организмот. Односот помеѓу чајот и млекото нека биде 50:50 и испијте го 20 минути пред оброкот. Освен што ги намалува килограмите, оваа комбинација од чај и млеко одлично ќе го исчисти вашето тело од токсините.
Но, имајте на ум дека оваа комбинација не се препорачува да се консумира повеќе од 2 пати месечно. Исто така, доколку сте нетолерантни на млеко, имате болест на бубрезите и жолчката или пак, патите од низок притисок, тогаш не ја применувајте оваа диета. Од друга страна пак, ако имате каква било друга хронична болест, пред да почнете со неа најпрво советувајте се со својот доктор.