Едноставен трик за оние кои често забораваат: Како секогаш да знаете каде ви се клучевите?

Едноставен трик за оние кои често забораваат: Како секогаш да знаете каде ви се клучевите?

Ако не знаете каде ви се клучевите, не барајте ги баш секаде… тие се поблиску до вас отколку што мислите! Доколку не можете да се сетите каде се, тогаш не скокајте веднаш да ги барате, туку седнете и размислете каде би можеле да бидат. Најпрво, побарајте на највообичаените места, а доколку не се таму, отидете на местата каде што последен пат сте ги користеле. За да постигнете целосна концентрација, во себе постојано повторувајте си го името на предметот што го барате (клучот од автомобилот, клучот од подрумот…)

Доколку вака не се сетите, потрудете се со некои од следниве трикови.

1. Побарајте ги само еднаш, но детално

Не вртете се во круг. Откако сте провериле на едно место, не проверувајте повторно. Иако ви се чини поинаку, сепак, ако клучевите не биле таму првиот пат, веројатно нема да бидат таму ни кога ќе погледнете по втор пат. Тоа, секако, важи под претпоставка дека првиот пат добро сте погледнале. Ако не сте прегледале детално, тогаш слободно вратете се на тоа место и повторно пребарајте.

2. Кој би можел да ги помести клучевите?

Ако постои место каде што ги чувате клучевите, најпрво пребарајте таму. Дури и ако вие не сте ги оставиле, можеби некој од вашите најблиски ги ставил на нивното место. Во случај клучевите да не се на своето место, прашајте ги членовите на вашето семејство дали некој од нив ги употребувал, па не ги вратил каде што стојат. Не заборавајте да проверите на другите брави, можеби клучевите се на некоја друга брава, каде што не припаѓаат.

3. Клучевите се во радиус од 45 см!

Повеќето изгубени предмети се онаму каде што мислите дека се. Останатите се во вашата непосредна близина. На пример, мислите дека клучевите се на столот, а всушност на некој му паднале на подот. Предметите може да „залутаат“, но во повеќето случаи не се оддалечени повеќе од 45 см од нивната вистинска локација. Одредете ја таа зона и таму пребарајте детално.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар