Едноставен трик за неверојатно вкусна кајгана
Веројатно се прашувате зошто кога јадете кајгана во ресторан, таа секогаш има многу подобар вкус од онаа која ја правите дома. Тоа е затоа што не користите една многу важна состојка, која најверојатно веќе ја имате во фрижидерот или на чинијата за појадок. Можеби веќе и сфативте за што станува збор? Тоа е сланината.
Потребни состојки:
- 3 јајца
- сол
- бибер
- млеко
- неколку парчиња сланина
Начин на подготовка:
Изматете три јајца и наросете ги со малку сол и бибер. Потоа додадете малку млеко. Испржете три или четири тенки ленти сланина. Пржете ги додека не станат крцкави и тргнете ги настрана. Наместо да ја фрлите маснотијата што ја испушта сланината, не заборавајте дека во неа лежи трикот за добивање вкусна кајгана. Истурете ги јајцата во тавчето и испржете ги јајцата, како што вообичаено го правите тоа.
И на крај секако, не заборавајте во чинијата до кајганата да ја сервирате и сланината.