Едноставен тест кој ќе ви помогне да утврдите какво е вашето ниво на стрес

Едноставен тест кој ќе ви помогне да утврдите какво е вашето ниво на стрес

Промените во убавината упатуваат на одредени здравствени проблеми, а еден од најчестите причинители на модерното време – стресот, може да се покаже на само едно влакно од вашата коса.

ednostaven-test-koj-kje-vi-pomogne-da-utvrdite-kakvo-e-vasheto-nivo-na-stres-kafepauza.mk

Стрес тест

Искубете едно влакно од зад увото. Влакното што ќе го скубнете мора да биде од слоевите кои се поблиску до кожата на главата, бидејќи косата во горниот дел е обично оштетена како резултат на влијанието на УВ-зраците, производите за обликување и фарбите за коса. Фатете го влакното со прстите за двата краја и потегнете. Доколку пукне на помалку од 3 см од коренот, вашата коса е оштетена како резултат на зголемено ниво на стрес.

Причина: Заради зголеменото количество на кортизол, на организмот му е потребна поголема количина витамин Б12 за да се избори со стресот, т.е. да го ублажи ефектот од порастот на хормонот на стресот. Витаминот Б12 овозможува создавање на еритроцити кои пренесуваат кислород до влакната. Доколку овој витамин заврши на некој друг дел од телото, фоликулите слабеат, косата се истенчува и почнува да паѓа.

Решение: Првиот чекор е да ја контролирате продукцијата на кортизол. Избегнувајте кофеин и правете вежби за зацврстување на телото три пати неделно. Вториот чекот е да ги зајакнете фоликулите со витамин Б12. Можете да го земате во форма на суплемент и како препарат за јакнење на косата збогатен со протеини.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар