Едноставен рецепт за почетници: Лажна пита од јаболка со која ќе ги освоите најблиските

Едноставен рецепт за почетници: Лажна пита од јаболка со која ќе ги освоите најблиските

Сте посакале пита од јаболка, но не сте расположени за подготвување тесто? Овој едноставен рецепт за јаболков десерт со солена карамела ќе ве спаси и без многу труд ќе ви ја задоволи желбата за благо.

1-najlesen-recept-lazhna-pita-od-jabolka-koja-kje-ja-sakaat-i-neiskusnite-vo-kuna-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
За солената карамела:
  • 100 грама путер на собна температура
  • 200 милилитри слатка павлака
  • 150 грама шеќер
  • 1 лажичка паста од ванила (или 2 пакетчиња ванилин шеќер/1 лажичка арома од ванила)
  • 1/2 лажичка морска сол (или според вкус)
За филот:
  • 2 поголеми јаболка
  • 150-200 грама овесни снегулки (дробени)
  • 1 лажичка цимет
  • 50-70 грама ладен путер
  • Прстофат цимет
  • 1 лажичка кокос или 1 лажичка исечкани ореви/лешници (по желба)

2-najlesen-recept-lazhna-pita-od-jabolka-koja-kje-ja-sakaat-i-neiskusnite-vo-kuna-www.kafepauza.mk_

Начин на подготовка

1. Прво направете ја солената карамела. На умерен оган загрејте го шеќерот, со постојано мешање, сѐ додека не се растопи. Кога е шеќерот целосно растопен (внимавајте да не ви загори), додајте го путерот кој претходно ќе го исечкате на коцки.

2. Кога путерот ќе се растопи, пополека додавајте ја слатката павлака. Постојано мешајте со дрвена лажица или шпатула. Гответе од 3 до 4 минути. Изгасете го огнот, додајте ја солта и добро промешајте. Оставете карамелата да се олади.

Ако не сакате веднаш да ја искористите целата количина карамела, еден дел излејте во стаклен сад и оставете ја за подоцна. Карамелата во фрижидерот може да стои и до две недели. Пред да ја искористите, ставете ја да се загрее или загрејте ја во врела вода на неколку минути.

3-najlesen-recept-lazhna-pita-od-jabolka-koja-kje-ja-sakaat-i-neiskusnite-vo-kuna-www.kafepauza.mk_

3. Потоа подгответе сѐ за филот. Излупете ги јаболката и исечете ги на помали парчиња или плочки. Во подлабок сад измешајте ги овесните снегулки, циметот и на коцки исечениот ладен путер. Мешајте со прстите сѐ додека не добиете трошлива смеса. Во филот слободно додајте лажичка кокос или исечкани ореви/лешници.

4. Наредете го десертот. На дното од малите порции ставете 1-2 лажички солена карамела, а на карамелата додајте 2-3 лажички јаболка. Јаболката посипете ја со цимет, а одозгора ставете го подготвениот фил. Ставете ги порциите во претходно загреана рерна на 180 степени и печете 25 минути. Извадете од рерната, оставете десертот да се олади околу 5-10 минути, па послужете го со топка сладолед од ванила.

Совет: Десертот можете да го печете и во еден поголем сад за печење, па да го вадите со лажица во чинии.

Доколку сте вистински љубител на овие вкусови, тогаш ви предлагаме да подготвите неверојатно вкусна пита со јаболка и шумско овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар