Претходно
Едноставен рецепт за палачинки од компири
Пробајте го овој вкусен рецепт со многу малку брашно и без бел шеќер.
Потребни состојки:
- 1 килограм компири
- 1 жолчка
- 1 јајце
- малку масло
- малку сол
- брашно по потреба
- џем по ваш избор
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите, сварете ги и испасирајте ги. Во нив додајте ги јајцето, жолчката, маслото, солта и малку брашно колку да направите тесто.
- Тестото не треба да биде премногу меко. За добро да се измешаат состојките потребно е околу половина час. Тестото што се прави подолго е секогаш повкусно и полесно за понатамошно подготвување.
- Тестото направете го форма на леб и поделете го на 12 дела. Од секој дел направете форма на палачинка. Нивната големина прилагодете ја на вашата тава.
- На загреано масло испечете ги палачинките од двете страни. Ќе ви биде потребно повеќе масло и додавајте го на секое превртување. Палачинките филувајте ги со џем по избор, и посипете ги со шеќер во прав.
Пробајте ги и овие вкусни филови за палачинки.