Едноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсии

Едноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсии

Џемот од кајсија е идеален за правење колачи, а и најдобрите кифлички се прават со него. Ние пронајдовме рецепт за џем кој ќе ве врати во детството.

Едноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсии

Без разлика дали ќе одлучите да направите џем или мармалад, важно е да изберете здрави и зрели плодови. Колку е позрело овошјето, толку е поголема содржината на овошни шеќери, па затоа ќе има помала потреба од додавање шеќер.

Разликата помеѓу мармаладот и џемот е во тоа што во џемот се додава помала количина шеќер, овошјето се сечка и се готви подолго на ниска температура.

Потребни состојки:

  • 1 килограм исчистени кајсии
  • 300-400 грама шеќер

Начин на подготовка:

1. Исечкајте ги кајсиите – исечете ги на помали парчиња, додадете шеќер и нежно изгмечете ги со раце. Гответе на пониска температура околу еден час.

2. Времето за готвење е приближно бидејќи не се сите кајсии исти, некои се посочни, а некои не.

3. Ако готвите голема количина одеднаш, користете поголем тенџере. Во овој случај, вашиот џем од кајсии ќе се готви подолго отколку кога готвите помала количина.

4. Доколку одлучите да подготвите вистински џем, исчистените кајсии посипете ги со шеќер (можете да ставите повеќе од 300-400 грама), измешајте ги и оставете ги да отстојат неколку часа.

5. Потоа варете ги на вообичаен начин.

6. И мармаладот и џемот од кајсии треба да се чуваат на ист начин – истурете го во стерилизирани тегли, добро затворете ги, а потоа пастеризирајте ги.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за џем од кајсии, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за највкусниот летен десерт: колач од кајсии.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар