Едноставен метод кој ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор

Едноставен метод кој ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор

Секој човек на светот барем еднаш во својот живот се нашол на раскрсница и не знаел кој пат да го одбере. Понекогаш луѓето се мачат себеси со денови и недели за да разберат кој избор би бил најдобриот. Но, вистината е дека не постојат добри и лоши избори. Секој пат што ќе го одбереме е различен, тоа е сè. Само треба да го најдеме оној по кој би сакале да тргнеме. Ова е познатиот ефективен метод на животниот тренер Семјуел МекКри кој ќе ви помогне при донесувањето одлуки и правењето избор.

Едноставен метод кој ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор

На лист хартија напишете писмо за самите себеси

Размислете за сите варијанти на она што би можеле да го одберете, потоа одберете една и замислете си дека тоа е вашата конечна одлука. Замислете си како би ви изгледал животот за 6 месеци и како би се променил по вашата одлука.

Замислете си го животот и опишете сè до детали. Напишете го ова писмо за вашето сегашно „јас“. Напишете ги сите позитивни и негативни работи од вашата иднина. Размислете за тоа со кого би биле, што би правеле, каде и како би живееле и какви планови би имале.

Запаметете дека пишувате писмо од вашето идно „јас“ до вашето сегашно „јас“. Кога ќе завршите со целосната слика за вашиот живот, прејдете на емотивните делови. Кажете си себеси што правите и како се чувствувате. Напишете што е можно повеќе детали. Дали сте задоволни со одлуката што сте ја донеле некогаш, или можеби загрижени сте за нешто?

На крајот од писмото, заблагодарете се на себеси што сте го направиле овој избор и напишете колку сериозно тој влијаел на вашиот живот. Откако ќе завршите, свиткајте ја хартијата и ставете ја на страна.

Земете уште еден лист хартија

Напишете го истото писмо, но замислете си дека сте одбрале друг пат. Опишете сè со што е можно повеќе детали. Повторно заблагодарете се на себеси за изборот што сте го направиле, свиткајте ја хартијата и ставете ја на страна.

За неколку дена, земете ги и двете писма и прочитајте ги

Како се чувствувавте откако ги прочитавте? Дали и двете патишта ви изгледаат исто? Дали едниот од нив ви се допаѓа повеќе од другиот?

Овој метод со сигурност ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор

Најважно е да ги напишете сите детали. Кога ќе ги прочитате писмата по некое време, ќе ви се чини како да се напишани од некој непознат човек. Кога ќе ги согледате вашите планови од друга гледна точка и ќе ги почувствувате емоциите на вашето идно „јас“, веднаш ќе сфатите кој од овие патишта навистина ве плаши, во која иднина би имале сомнеж и што навистина сакате длабоко во срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар