Едноставен и лесен рецепт кој ќе ви помогне да го спречите труењето со пестициди
Кога ќе одите во супермаркет или на пазар за да купите овошје и зеленчук, сигурно мислите дека сте купиле здрава храна за вас и вашето семејство. Сепак, тоа не е секогаш така, затоа што пестицидите се користат во сите држави ширум светот. Една од главните „причини“ за користење пестициди е тврдењето дека доколку се престане со нивно користење, процесот на производство ќе забави, а цената на храната ќе порасне.
Според резултатите од последната статистика, Бразил го зазема првото место за употреба на пестициди. Според Националниот институт за рак, една просечна возрасна личност консумира околу 5 литри пестициди годишно и тоа се навистина шокантни резултати. Една студија пак, спроведена во 2015 година од група истражувачи, дошла до заклучок дека речиси 70% од свежата храна во таа држава е заразена со отрови. Добрата вест е дека постојат методи со чијашто помош можете да отстраните некои од нив. Еден од тие методи е развиен од еден познат бразилски кардиолог и нутриционист, д-р Леир Риберо. Сѐ што треба да направите е да следите едно едноставно упатство.
Потребни состојки:
- 1 литар вода
- 5 милилитри јод
Начин на подготовка:
Најпрво, измијте го зеленчукот со вода. Потоа додајте 5 милилитри јод во 1 литар вода и целиот зеленчук ставете го во таа мешавина. Покријте го садот и оставете да отстои така 1 час.
Забелешка: Садот ставете го на темно место, затоа што недостатокот на светлина ќе ја спречи оксидацијата на јодот. После еден час, можете да го извадите зеленчукот и повторно да го измиете со чиста вода, па тој ќе биде спремен за јадење и нема да содржи никакви пестициди.
Треба да знаете дека долгорочното консумирање овошје и зеленчук кои содржат високо ниво хемикалии и пестициди, може да му наштети на вашето здравје. Најчестите несакани ефекти може да варираат, почнувајќи од главоболка и алергија, па до генитални деформации и неколку видови рак. Токму поради ова, од особена важност е да се заштитите себеси и вашето семејство од овие скриени опасности. Најдобро решение е самите да одгледувате овошје и зеленчук, затоа што така ќе бидете најсигурни дека јадете здрава и органска храна, без какви било пестициди и хемикалии.