Едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство
Ретки се среќниците кои немаат стрии. Овие грди линии на телото најчесто се појавуваат во пубертетот поради брзото растење, но многу често се и несакана последица од големото варирање на тежината, особено во периодот за време на бременоста. Па, доколку и вие имате стрии, тогаш ви препорачуваме да го пробате овој ефикасен домашен метод на отстранување.
Потребни состојки:
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица рицинусово или маслиново масло
- ½ лимон, исцеден
- 1 капсула витамин Е
Начин на подготовка:
Мешајте ги сите состојки сè додека не се соединат и потоа со кружни движења нанесете ги на местото каде што имате стрии. Најдобро е да ги триете со четка, бидејќи на тој начин ќе ја подобрите циркулациите на оние места од телото каде што стриите најчесто се појавуваат.
Повторувајте ја постапката секој ден, 2 до 3 минути. Смесата може да стои во фрижидер и до 3 недели. За подетални упатства погледнете го следново видео…