Едноставен, а вкусен: Француски традиционален колач со јаболка
Едноставните јадења навистина можат да бидат вкусни, а за тоа сведочи и традиционалниот француски колач со јаболко. Испробајте го овој рецепт уште денес за самите да се уверите во тоа.
Потребни состојки:
- ½ чаша брашно
- ½ чаша шеќер
- 1 лажица прашок за пециво
- 1/8 лажичка сол
- 2 лажички екстракт од ванила
- 2 големи јајца
- 1/3 чаша полномасно млеко
- 2 лажици растително масло
- 4 јаболка
- шеќер во прав
Потребни состојки за фил:
- 1/3 чаша шеќер
- 1 големо јајце
- 3 супени лажици путер
- бадеми (по желба)
Начин на подготовка:
1. Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки парчиња. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. Во поголем сад измешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Додадете ја ванилата, изматените јајца, маслото и млекото и мешајте додека смесата убаво не се соедини.
2. Додадете ги парчињата јаболка и мешајте со раце за добро да се соединат со смесата. Намачкајте го со путер калапот за торта со дијаметар од 22 см и обложете го со хартија за печење, а потоа ставете ја смесата. Печете околу 30 минути.
3. За филот се мешаат изматено јајце, шеќерот и растопениот путер и бадемите. Прелијте ја смесата врз колачот и рамномерно распоредете го преливот врз јаболката, па повторно ставете го во рерна 20 минути. По желба посипете со шеќер во прав.
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за посен колач од јаболка и ореви.
Извор: punkufer.dnevnik.hr