Едноминутна вежба за затегнување на целото тело

Едноминутна вежба за затегнување на целото тело

Оваа едноминутна вежба за целото тело е одлична и многу корисна затоа што ги активира сите мускули во телото, се изведува без паузи и многу лесно можете да ја вметнете во вашиот пренатрупан дневен распоред. Сè што е потребно е да издвоите само 60 секунди во денот и многу брзо ќе дојдете до посакуваната форма. Целта на оваа вежба која ја измислила фитнес експертот Кели Робертс, е да ја направите што повеќе пати можете во текот на денот, така што редовно ќе почнете да крадете по една минути само за себе и своето здравје.

(1) Едноминутна вежба за затегнување на целото тело

Кога ќе дојдете до добра кондиција, ќе можете да ја изведувате и во интервали подолги од 10 минути. На тој начин вежбата ќе стане ваш сојузник во слабеењето бидејќи ќе ја повторувате со посилен интензитети и ќе го поттикнете метаболизмот на побрза работа.

1. Клекнете и поставете ги рацете пред вашите нозе. Придржувајте се со нив за тлото, а потоа испружете ги нозете додека не се најдете во положба за правење склекови. Стегнете ги стомачните мускули и задржете ја оваа позиција 10 секунди.

(2) Едноминутна вежба за затегнување на целото тело

2. Направите 2 склека, па со скок или со повлекување на нозете кон прстите вратете се во првата клекната положба, а потоа повторете го овој чекор уште 2 пати.

(3) Едноминутна вежба за затегнување на целото тело

3. Легнете на стомак, израмнете ги нозете и испружете ги рацете пред себе. Потоа истовремено подигнете ги рацете и нозете над подот и задржете ја таа позиција 10 секунди.

(4) Едноминутна вежба за затегнување на целото тело

4. Легнете на грб, ставете ги рацете зад главата, подигнете ги нозете во воздух и свиткајте ги кај колената под агол од 90 степени. Малку подигнете ги главата и рамената, а потоа со десното рамо тргнете кон левото колено и истовремено исправете ја десната нога. Повторете го истото и со другата страна од телото (левото рамо кон десното колена, со исправена лева нога). 2-те страни треба да се повторат 5 пати.

(5) Едноминутна вежба за затегнување на целото тело


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар