Едноделни костими за капење: Безвременски модели во коишто вреди да инвестирате
Ако оваа сезона конечно одлучивте да го испратите светскиот тренд и да се откажете од бикините, имајте на ум дека класичните едноделни костими за капење се одличен избор за вас. Овој вид костим за капење ќе ви даде посебен стил, што не би можеле да го постигнете со бикините.
Зошто треба да ги сакате токму едноделните ретро модели? Најпрво, затоа што со нив силуетата се истакнува на уникатен начин. На пример, тука е моделот на Мерлин Монро. Еднобоен, црн или бел, се врзува околу вратот, додека самиот материјал е набран, при што целосно ја нагласува линијата на телото, а истовремено ги сокрива непосакуваните вишок делови на стомакот. Овој модел не е длабоко сечен како бикините, при што вашата бикини зона ќе ви биде многу благодарна. Тој е женствен и гламурозен, а може да се носи и во дневна варијанта со платнен фустан со ѕвонест крој, еспадрили и шешир за да направи да изгледате како филмска дива.
Исто така прекрасни се и оние топ модели без прерамки, со светли бои коишто потсетуваат на седумдесеттите години, а коишто одлично изгледаат и во комбинација со шорцеви и апостолки. Не смее да се изостави и фактот дека иако едноделните костими за капење повторно станаа актуелни пред неколку години, оваа сезона тие нудат повеќе од кога и да било, затоа што повеќето девојки и понатаму бараат докажани бикини варијанти.
Погледнете ја галеријата и одлучете се за моделот којшто ќе ве претставува вам во претстојното лето!