Една жена го прашала сопругот што тој мрази кај неа. Неговите одговори ќе ве остават без зборови!

Една жена го прашала сопругот што тој мрази кај неа. Неговите одговори ќе ве остават без зборови!

Што мислите, што би рекле вашите мажи за вашите недостатоци? Женските недостатоци? Дали ве интересира нивното искрено мислење? Чауни Бруси, мајка и жена, еден ден ненадејно се сетила најискрено да го запраша својот сопруг што тој најмногу мрази кај неа и сите слични мајки/жени како неа. Мислите дека немал што да каже? Секако, се лажете, а тоа што го кажал навистина ќе ви даде повод за малку подобро да размислите за себе. За себе како жена, мајка, партнерка. Бидејќи едно е сигурно – жените и мажите не се ниту приближно исти, па така не се исти ниту нивните размислувања. Ова ѝ го порачал нејзиниот сопруг.

1-devojki-ovie-izjavi-ne-se-voopshto-privlechni-ovie-raboti-mazhite-gi-mrazat-kaj-svoite-partnerki-www.kafepauza.mk_

1. Тие не ве разбираат зошто самите си задавате толку обврски

„Не знам како поразлично да ти го кажам ова, но ти си задаваш толку многу работа, толку многу планови, толку многу притисок, што воопшто не е чудно зошто секојдневно си лошо расположена. Никој не бара од тебе да работиш со сто на час, да бидеш на секој училиштен настан, да правиш сѐ за нас и за нашите деца. Ништо нема да замине и никаде нема да задоцниш, па затоа те молам да престанеш со тоа.“

2. Тие мразат кога верувате дека во секое време треба да изгледате совршено

„Мислиш ли дека навистина ми се гадиш ако не си ги избричила нозете, ако твојата коса е масна, ако постелнината треба да се испере, а сѐ уште стои на истото место? Јас се оженив за човек, а не за робот, и стварно не знам од каде ти е помислата која постојано те прогонува дека мораш да бидеш совршена за мене и за другите. Опушти се, те молам.“

3. Не можат да поднесат кога ќе кажат дека сте дебели

„Верувај ми, попрво ќе го забележам твоето незадоволно лице кога се гледаш во огледалото отколку тие два-три килограми вишок. Ако ме прашуваш мене, тој вишок е невидлив, но кога ти ќе почнеш со тоа твое грозно муртење, тоа е единствениот вишок кој не сакам никогаш да го гледам на тебе.“

4. Не сфаќаат како можете да зборувате за луѓе што не ги познавате лично

„Те молам, веднаш обиди се да сфатиш дека луѓето онлајн не се луѓе кои ти ги познаваш. Постојано ме нервира твоето зборување за некои мајки, нивните објави и искуства. Од каде знаеш дека токму тоа е добро за тебе, за нив, дека тоа е вистина? Социјалните мрежи ни донесоа многу добри работи, но некои други работи се едноставно невозможни за толку лесно да ги сфатиш.“

5. Мразат кога озборувате и кога се споредувате со другите

„Зарем жените не би биле посилни кога би се држеле малку повеќе заедно? Многу е занимливо колку сте гласни кога треба да зборувате за некого и уште погласни кога треба да се буните против мажите, а вистината е всушност дека својата енергија ја црпите од неуспесите и недостатоците на другите жени. Не знам, тоа никогаш нема да ми биде јасно.“

6. Се нервираат кога им велите дека не сте доволно добри

„Дали си свесна дека поголемиот дел од тоа незадоволство не доаѓа од тоа што јас го правам или не го правам, туку од тоа што ти мислиш дека јас го мислам – за тебе. И зошто толку не ми веруваш кога ти велам дека за мене и нашето семејство ти си најдобра – и тогаш кога правиш сѐ што мислиш дека треба да правиш, и тогаш кога не правиш баш ништо. Никој не те присилува секој ден да чистиш и да готвиш, никогаш не сум кажал ниту еден збор за тоа дека ти си единствената која мора да го прави тоа.“

7. Мразат кога не сфаќате колку работи ги преземате како товар

„Мразам кога ме гледаш така како што моментално ме гледаш. Во ред, сфаќам, не се сложуваме секогаш во мислењата, но намали ги малку очекувањата за животот. Како за својот, така и за туѓите. Ќе ти биде подобро, верувај ми, бидејќи ништо нема да замине, ниту пак некој ќе те казни ако одлучиш повеќе дена да бидеш малку лежерна.“

Секако и мажите треба да поседуваат одредени џентлменски особини со кои ќе ја воодушеват својата поубава половина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар