Единствените 5 видови градници кои ви се потребни во вашиот живот
Ако сте како поголемиот дел од жените, тогаш сигурни сме дека не можете да одолеете на новите парчиња долна облека кои доаѓаат во вашиот омилен бутик. Но, размислете, дали навистина ви се потребни 14 видови пуш-ап градници во светло розово боја? Најверојатно не. Токму затоа погледнете ги единствените 5 модели кои секоја жена треба да ги има во својата фиока.
1. Градник без прерамки кој совршено лежи на вашето тело
Не ги одбирајте оние еластични градници кои со секое перење сè повеќе се шират и потоа постојано ви паѓаат надолу додека сте во движење. Погрижете се овој модел да ви биде удобен, дури и ако треба да го носите повеќе часови, без притоа да имате потреба постојано да го качувате нагоре. Наш совет: Купете модел кој е еден број помал, но со еден број поголема корпа одошто обично одбирате.
2. Секојдневен градник кој е многу удобен
Некои би го нарекле и градник маичка, но вие би требало да можете да го носите овој модел со 90% од вашата облека. Одберете неутрална боја, без никакви додатоци со цел да можете полесно да го комбинирате.
3. Градник со чипка кој е доволно секси за да биде виден (доколку тоа е потребно)
Без разлика на дизајнот, секоја жена има потреба од градник со чипка кој го влече целото внимание кон себе. Вие можете елегантно да го откриете со малку откопчана кошула или пак, целосно да го покажете зад затворени врати. Во секој случај, ќе бидете благодарни за начинот на кој тој ќе направи да се чувствувате секси и женствено.
4. Хоризонтално пресечен градник кој дозволува да носите поотворена облека
Колку пати ви се случило да обуете некоја маичка со подлабоко деколте или поотворен фустан и потоа да се премислите само затоа што одоздола надзираат корпите од вашиот градник? За овие ситуации најдобро е да побарате градник чии корпи се дијагонално поставени и предната жица е тенка и минимална. На овој начин не постои простор за грешка.
5. Спортски градник кој не е од 1997 година
Многу е лесно да ги чувате спортските градници со години, па можеби дури и декади, но време е да ги замените со понови и поквалитетни модели кои ќе им ја овозможат потребната поддршка на вашите гради. Денес имате голем избор на спортски градници во зависност од активноста за која ви се потребни, па слободно вложете во него. Нема да зажалите.