Единствените 3 нешта кои треба да ги направите деновиве за да бидете посреќни во новата година

Единствените 3 нешта кои треба да ги направите деновиве за да бидете посреќни во новата година

Заборавете на депресивната листа со одлуки и започнете ја новата година на позитивен начин така што ќе ги направите овие 3 нешта во текот на овие 2 дена. Најчесто новогодишните одлуки остануваат само на хартијата каде што биле запишани, предизвикувајќи ни незадоволство и чувство на неуспех во текот на целата година. За да го спречите тоа, фокусирајте се само на овие 3 нешта и веднаш ќе го забележите нивниот моќен позитивен ефект.

Единствените 3 нешта кои треба да ги направите деновиве за да бидете посреќни во новата година

1. Составете листа од вашите најголеми достигнувања во 2015 година

Новогодишната листа не секогаш мора да содржи нешта кои сте ги направиле погрешно или пак, цели кои не сте ги оствариле (а би требало). Баш напротив, листата која сите би требало да ја направиме и на која сигурно ќе бидеме горди е онаа која ги содржи сите наши неодамнешни успеси. Сетете се на сите препреки кои сте ги прескокнале со голема храброст, како и на солзите и насмевките на вашето лице (дури и тогаш кога не испаднало сè како што сте сакале). Потсетете се и на оние нешта кои сте ги направиле за вашите најблиски, како и на сите успешно завршени задачи, мали и големи животни проблеми и храбри продолжувања кон напред.

2. Составете листа од сите оние нешта за кои сте биле благодарни оваа година

Новата година е време кога размислуваме што треба да промениме во нашиот живот со цел да бидеме посреќни. Но, пред да почнете да ги барате критиките, направете нешто ќе го подобри вашето расположение и на што сте горди. Направете листа на сите оние позитивни нешта кои ви се случиле оваа година и на кои можете да бидете благодарни. Без разлика дали станува збор за родителство, здравје, нова врска, обновување старо пријателство или одлична работна година, вие имате многу нешта за кои можете да бидете благодарни.

3. Составете листа од оние нешта кои едвај чекате да ви се случат во 2016 година

Иако никогаш не можеме со сигурност да знаеме што ни носи иднината, сепак можеме да издвоиме неколку нешта (мали или големи) кои едвај чекаме да ни се случат во текот на следната година. Се радувате на свадбата за вашата блиска пријателка (или организирањето на својата)? Едвај чекате да излезе следното продолжение од филмот или серијата која долго сте ги чекале? Треба да ја земете вашата диплома? Ова се само дел од нештата кои можеби не секогаш ќе се случуваат според планот, но и самата помисла на нив може да измами насмевка на вашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар