Единствениот фактор кој одредува дали вашата љубовна врска ќе успее или пропадне

Единствениот фактор кој одредува дали вашата љубовна врска ќе успее или пропадне

Кога размислуваме за факторите кои влијаат на опстанокот на врската, обично мислиме на стандардните работи како што се сличните вредности, целите, љубовта, сигурноста, довербата, верноста, почитта… Меѓутоа постои уште еден фактор кој наводно е пресуден.

Единствениот фактор кој одредува дали вашата љубовна врска ќе успее или пропадне

Според истражувањето спроведено од страна на Американската федерална банка, односот кон финансиските одговорности влијае на опстанокот на врските и браковите. Нивната анализа дошла до заклучок дека:

1. Луѓето обично бараат партнер со сличен финансиски статус.

2. Паровите со сличен финансиски статус кои знаат како вешто да ги организираат финансиските трошоци подолго остануваат заедно.

Експертите велат дека материјалната моќ е исто така пресудна. Паровите кои имаат помалку финансиски проблеми доживуваат помалку стрес и многу повеќе се фокусираат на нивниот однос.

Од друга страна, пак, паровите кои секојдневно се борат со недостатокот на пари или кои имаат долгови, не можат да посветат доволно внимание на односот со партнерот, па тоа честопати влијае на самата врска.

Нормално, парите не треба да влијаат при изборот на партнерот, но клучно е да одберете партнер чиј однос кон парите ќе биде сличен на вашиот. Доколку сакате да штедите, тешко ќе ви биде да останете во врска со некој кој се расфрла со пари на сите страни. Истото важи и во обратниот случај. Ако уживате во трошењето пари и најважно ви е да си поминете убаво без да размислувате за последиците, многу често ќе доаѓате до конфликт со партнер кој не сака да троши многу.

Парите не треба да бидат мерило за љубовта, но мора да признаеме дека и тоа како можат да влијаат на успехот на врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар