Единствената навика која ќе ви помогне да имате здрав сексуален живот и добар сон
Секој од нас секојдневно се соочува со стресни ситуации, па токму овие проблеми можат да ни предизвикаат потешкотии да се исклучиме и посветиме на одморот и уживањето. Како што стресот го погодува нашето секојдневно функционирање, така влијае и на нашиот сон, како и на сексуалниот живот.
Но, не грижете се, постои многу едноставно решение. Станува збор за медитацијата која е докажано дека ослободува од напнатост и нервоза. Емили Флечер, која се бави со ведска медитација, открива неколку совети за посмирен живот, непрекинат сон и активен сексуален живот.
„Благодарение на медитацијата, вие се водите самите себеси во четвртата, поточно суперсвесната состојба на свеста, каде што вашето тело одмара 2 до 5 пати подлабоко одошто во сонот. Токму тоа и овозможува вашето тело да се ослободи од целиот насобран стрес“, открива Емили.
Бидејќи постои огромна поврзаност помеѓу сонот и медитацијата, вие со нејзина практика истовремено го опуштате и телото и умот. Со медитацијата вие се ослободувате од секојдневниот стрес, па затоа и спиењето ви служи токму за тоа – за спиење. Кога не медитирате, вашето тело го користи сонот како начин за ослободување од стрес, па една од последиците на оваа ситуација е претерано активниот ум што на крај резултира со константен умор.
Медитацијата исто така може многу да ви го подобри и вашиот сексуален живот. Имено, кога жените во телото имаат значително зголемено количество кортизол, стрес хормонот, тие почнуваат да ја губат способноста да доживеат оргазам. Бидејќи медитацијата ве ослободува од стресот, а со тоа и го намалува нивото на кортизолот во телото, ви овозможува гаранција дека оргазмот ќе стане редовен дел од вашиот сексуален живот. Да не заборавиме и на фактот дека медитацијата ги изострува нашите сетила, правејќи сексот да стане уште попријатно искуство.