Еден и единствен збор кој има моќ да ја спаси вашата врска: Не се плашете да го употребите

Еден и единствен збор кој има моќ да ја спаси вашата врска: Не се плашете да го употребите

Сè почесто можат да се забележат луѓе на чие лице видливо се забележуваат траги од грижи и стрес. Начинот на живот, особено стресот во работата, брзата средина и брдото обврски и проблеми можат многу да влијаат врз нашиот приватен живот и односите со луѓето. Со цел да не ја загрозите вашата врска, барем не поради овие нешта, покажете ѝ на личноста која ја сакате дека навистина се грижите за неа. Ако сметате дека за тоа е потребно многу труд и енергија, вие се лажете. Сè што треба да направите е во вистинскиот момент, искрено и отворено да изговорите само еден збор: Благодарам!

Еден и единствен збор кој има моќ да ја спаси вашата врска: Не се плашете да го употребите

Никој не е совршен и секој од нас има свои проблеми и тешки моменти. Но, ако почнете почесто да им се заблагодарувате на луѓето околу вас, со насмевка на вашето лице, многу брзо ќе забележите дека нивната перцепција се менува, а со тоа и вашата среќа расте, додека истовремено односот помеѓу вас и вашиот партнер станува многу поопуштен и поисполнет. Овие промени со себе носат многу помалку стрес, како и леснотија при решавање на проблемите. И имаат моќ да ја спасат вашата врска, која во некои други околности и под притисок на стресни ситуации, би можела да пропадне.

Време е да научите да ги цените малите нешта и трудот кој го вложуваат другите во вас. Немојте да ја потценувате нивната моќ. На овој начин можете да развиете и поголема свесност за односите со луѓето околу вас, на работа и во приватниот живот. Нештата едноставно брзо ќе почнуваат да се подобруваат. Од друга страна, благодарноста ослободува среќа. Истражувањата покажале дека личностите кои покажуваат благодарност кон другите повикуваат чувство на среќа и кај двете страни. Многу нешта во денешно време се земаат здраво за готово, но сепак на сè треба да се работи, дури и на оние нешта кои се подразбираат во вашите мисли.

Кога станува збор за врските, многу парови доаѓаат до криза каде што во еден момент одеднаш почнуваат да се прашуваат каде е проблемот или каде исчезнала љубовта. Секоја врска треба да се гради, во неа да се вложува. Без разлика колку безначајни ви изгледаат одредени гестови, тие сепак треба да се прават. Токму затоа и без разлика за која активност станува збор, дали за чистење на тоалетот или подготвување на ручекот, кога тој или таа ќе го направи тоа, покажете им дека го цените нивниот труд и едноставно заблагодарете им се.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Miki Reply

    ne e normalna definitivno avtorkata 😀

Остави коментар