Еден француски слаткар открива како да направите совршени палачинки
Додавањето маслиново масло во тестото и оставањето на смесата да отстои половина час пред пржењето, се само некои од советите на францускиот готвач, специјалист за слатки, Крис Бернард, кој има повеќе од 20 години работно искуство, дури и во кујните на рестораните со Мишелин ѕвездички.
Овој познат готвач вели дека секогаш треба да го оставите тестото да отстои барем половина час за да не добиете цврсти палачинки. Готвењето е како наука, што значи дека мора да ги оставите состојките да поминат низ одредени хемиски реакции откако ќе ги измешате, според него.
Процедете ја смесата
Важно е тесто од палачинки да биде совршено мазно. Во еден сад измешајте ги влажните состојки со малку сол, а сувите ставете ги во друг сад. Добро просејте го брашното пред да го додадете во другите состојки. Бернард вели дека за да бидете сигурни дека смесата е супер мазна без мали грутчиња, задолжително процедете го тестото.
Внимавајте каква тава користите
Бидете сигурни дека користете плитка тава што има нелепливо дно. Загрејте ја тавата на средна температура, а потоа додадете лажица путер, почекајте да се растопи, а потоа ставете од смесата за палачинки. Почекајте да се појават меурчиња пред да ја свртите палачинката.
Многумина ја вртат палачинката веднаш штом ќе се испече, но подобро е да почекате прво да се појават меурчиња.
Заменете го белото пченично брашно со оризово брашно
За вкусен рецепт без јајца, глутен и засилувачи на вкус, готвачот препорачува тестото да го направите со оризово брашно наместо со класично бело брашно. Тој уште додава дека наместо бел шеќер, може да додадете кафеав шеќер што ќе им даде на палачинките арома, а прашокот за печиво ќе ги направи воздушести. Според него треба да користите и бадемово или млеко од соја, наместо обично кравјо млеко.
А, ако навистина сакате да ги импресионирате гостите тајната состојка е малку маслиново масло и екстракт од ванила. Овој француски готвач открил и дека сувите ароматични зачини, како рузмаринот, им даваат одлична арома на палачинките.
Можеби сакате да ги прочитате и овие 12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк.