Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат
Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да се откажат од вас и нема да ве предадат. Но, за тоа најпрво ќе морате да поминете низ многу предавства. Некогаш ќе сфатите дека надворешниот сјај на човекот не е ништо во споредба со неговата внатрешна убавина. Затоа што сѐ што е однадвор нема да трае уште многу долго, а она што е внатре, останува да гори засекогаш. Некогаш речиси и ќе се изгасне тој оган и ќе остане само мало жарче, но доволно е малку да дувнете и огнот постепено ќе се разгори и ќе ве згрее кога тоа ќе ви биде најпотребно.
Еден ден ќе сфатите дека многу од зборувањата кои сте ги слушнале од другите, ќе избледнеат и ќе исчезнат. Иако биле убави, ќе сфатите дека тоа било само една серија зборови и ништо повеќе. Важни се само оние вистини до кои сте дошле самите вие. Еден ден ќе сфатите дека добрината, нежноста, прегратките и грижата се израз на внатрешна сила, а не на слабост.