Еден човек, чија сопруга го оставила, споделува брачни совети кои би сакал да ги знае пред разводот

Еден човек, чија сопруга го оставила, споделува брачни совети кои би сакал да ги знае пред разводот

Многу често, браковите се тешки. Од брачните партнери се очекува да бидат целосно посветени и да прават многу компромиси. Затоа не е ни чудно зошто на многу парови не им успева. Луѓето често забораваат на некои ситници, а токму тие можат да бидат пресудни за нарушените брачни односи.

Еден човек, чија сопруга го оставила, споделува брачни совети кои би сакал да ги знае пред разводот

Токму тоа му се случило и на Џералд Роџерс од Минесота, чија сопруга го напуштила. По разводот, тој на својот Фејсбук профил споделил важни брачни совети, нешта кои самиот би сакал да ги чуе како совет пред да се раздели од сопругата.

1. Продолжи да ја носиш на состаноци

Најважната работа која треба да ја запомните е следнава – не ја земајте својата сопруга здраво за готово. Потсети се на сите ветувања кои си ѝ ги дал пред да стапите во брак и исполнувај ги. И не заборавај да ја изнесуваш на состаноци!

2. Заштити го своето и нејзиното срце

Грижи се за своето срце, исто како и за нејзиното. Сакај го светот, сакај се себеси, но чувај посебно место во твоето срце за сопругата, место кое никој друг не може да го заземе.

3. Заљубувај се во неа, повторно и повторно

Луѓето се менуваат, тоа е факт. И двајцата сте променети од моментот кога првпат почнавте да се состанувате, а за пет години отсега ќе се промените уште повеќе. Промените се неизбежни и затоа мора постојано да се вљубувате во секоја нова верзија од вас. Ти мора постојано да се бориш за нејзиното срце.

4. Не се труди да ја промениш

Твојата задача е да ја сакаш таква каква што е. Доколку се промени во меѓувреме, треба да ја прифатиш секоја нејзина позитивна промена.

5. Гледај го најдоброто кај неа секој ден

Фокусирај се на оние работи кои ти се допаѓаат кај неа и тие, со тек на време, ќе стануваат побројни. Нема да добиеш ништо доколку се фокусираш на оние работи кои те нервираат кај неа.

6. Не ја обвинувај за работите кои те налутиле

Тоа се твои чувства, па затоа обиди се да ги зачуваш за себе. Само затоа што те изнервирало нешто што е надвор од вашата врска, не значи дека треба да ѝ го истуриш гневот на неа.

7. Контролирај ги своите чувства

Не е нејзина обврска да те прави среќен, ниту пак нејзина вина ако се чувствуваш тажен. Секој ја креира својата среќа.

8. Забавувај се со неа

Не го сфаќај животот пресериозно. Одвој време за забава и за моменти кога ќе се смееш со својата сакана.

9. Пушти ја да биде своја

Немој да ѝ се мешаш кога се чувствува исфрустрирано и нервозно. Сѐ што треба да направиш е да ѝ покажеш дека си тука за неа и да ѝ кажеш дека сѐ ќе биде во ред.

10. Биди присутен

Твоето време не е само твое, напротив, треба да го споделиш и со неа. Исто како и твојата посветеност, внимание и душа. Кога си со неа, третирај ја како кралица бидејќи таа е кралица на твоето срце.

Но, кои се оние однесувања во бракот кои можат да предвидат развод?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар