Две прекрасни девојки ќе ви покажат дека никој не е совршен
Две девојки ја отстрануваат шминката и ги откриваат своите проблеми на кожата со цел да ги потсетат луѓето дека никој не е 100% совршен. „Vichy Dermablend“ започнале кампања наречена „Camo Confessions“ за да се обидат да ги променат ставовите на луѓето кон оние кои имаат најразлични проблеми со кожата и да соберат пари за добротворни цели.
Запознајте ја Чери, асистент тренер по одбојка на колеџ која страда од ретко нарушување на пигментот наречено витилиго. Таа ја отстранува својата шминка и ја открива нејзината кожа, потсетувајќи ги луѓето дека кај сите постои нешто што не е во ред. Нејзиниот став е освежувачки и мотивирачки. Таа вели:
„Кога дознав за мојата состојба се запрашав неколку прашања. Дали боли? Не. Дали е заразно? Не. Дали можам да живеам со тоа и да бидам успешна? Секако дека да.“
Некогаш малтретирана поради нејзината кожа, денес Касандра е модел, студент и Јутјубер која вели дека шминката и козметиката ѝ помогнале да ја пронајде нејзината цел во животот. Таа не употребува шминка за да се покрие и да се скрие себеси, туку за да се изрази. Погледнете ја и нејзината инспиративна приказна.
„Бев нарекувана наказа од природата, егзорцист и дури во еден момент, кога дедо ми, кој ми значи повеќе од сѐ на светов, беше на смртна постела, ми кажаа дека е добро тоа што умира бидејќи нема да мора веќе никогаш да го гледа моето лице. Кога секојдневно слушате вакви работи, станува многу тешко да се сакате.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.