Двата збора кои никогаш не треба да ги кажете во расправа
„Извини, но…“
Ова се зборовите кои никогаш не треба да ги кажете кога се обидувате да се извините. Наместо да го решите проблемот, со овие зборови само ќе создадете нов. Извинувањето е тешко бидејќи на тој начин признавате дека сте згрешиле. Но, искрените извинувања се клучни за стабилноста на една врска. Погледнете некои совети кои ќе ви помогнат да се извините, додека истовремено го кажувате и тоа што сте го мислеле.
1. Слушајте внимателно
За да го надминете проблемот, потребно е да ја кажете и вашата страна на ситуацијата, но за почеток само слушајте. Поставувајте прашања и не си го одвлекувајте вниманието со обиди да се одбраните. Иако може да се чувствувате како да сте нападнати, не сте. Спуштете ја вашата одбрана за подобро да разберете што сака да ви каже соговорникот. Нему му е редот да каже како се чувствува.
2. Ставете се во кожата на соговорникот
Замислете се на негово место, или со други зборови, покажете емпатија. Вашето извинување ќе биде многу поискрено кога навистина ќе разберете како се чувствува другиот.
3. Извинете се
И навистина мислете го тоа. Извинете се без да ги користите зборовите „Извини, но…“ Ова само ќе го направи вашето извинување безвредно. На извинувањето можете да му придружи и прегратка или краток допир на рамото.
4. Замолете да ве ислушаат
Откако ќе се извините доаѓа вашата шанса да објасните (не да се браните) зошто сте направиле или кажале нешто. Ова ќе ви помогне да избегнете идни расправии бидејќи ќе почнете да сфаќате како се чувствувате и вие и вашиот соговорник. Во совршена ситуација и вие ќе добиете извинување. Во тој случај, прифатете го.
5. Најдете решение
Најголем дел од расправиите произлегуваат од недоразбирања. Кога ќе најдете начин да ги избегнете недоразбирањата, вашата врска ќе може да напредува.
Кога двајца луѓе ја претвораат расправата во вежба за слушање, разбирање и промена, идните проблеми ќе бидат полесни за решавање. Толкава е моќта на извинувањето, ја зацврстува секоја врска. Па, следен пат кога ќе сакате да кажете „Извини, но…“ запрете и размислете дали тоа би помогнало.
Погледнете и како секој пат совршено да се извините.