Дури 50% од жените страдаат од постсексуална депресија, а не се ни свесни за тоа!

Дури 50% од жените страдаат од постсексуална депресија, а не се ни свесни за тоа!

Дали сте чуле за постсексуална депресија? Станува збор за негативни емоции, тага, раздразливост и анксиозност кои се јавуваат кај жените по сексуалниот однос. Било спроведено истражување кое покажало дека постсексуалната депресија се јавува кај 46% од жените, што значи дека се јавува речиси кај секоја втора жена.

(1) Дури 50% од жените страдаат од постсексуална депресија, а не се ни свесни за тоа!

Пред 5 години било спроведено слично истражување кое покажало дека една третина од жените запаѓаат во ваква состојба дури и по сексуалниот однос кој им предизвикал задоволство. Некои научници веруваат дека оваа состојба кај жените има и еволуциска функција.

„Постсекусалната депресија не е ретка појава и честопати нема врска со некаква траума или чувство на самосожалување. Всушност, таа не мора да е поврзана со нешто негативно. Во таквите моменти доаѓа до експлозија на хормоните во телото. Сексот е многу интимен чин, а оргазмот ослободува многу хормони. Тие хормони се јавуваат одеднаш, но и исчезнуваат одеднаш од телото по сексот, па затоа може да се јави чувство на тага“, објаснила експертката за врски, Дениз Ноулс.

Сепак, не е нормално ова чувство да се јавува по секој сексуален однос, бидејќи може да предизвика проблем во врската меѓу сексуалните партнери. Доколку се чувствувате вака по сексуалниот чин со вашиот партнер, обидете се да се опуштите и секако не ја потценувајте моќта на прегратките и милувањето.

Ако имате и други проблеми во спалната, прочитајте ги и овие 9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар