Духовното значење на зимската краткоденица

Духовното значење на зимската краткоденица

Зимската краткоденица во 2017-та година е на 21 декември и го означува првиот зимски ден. Можеби не сте знаеле, но духовното значење на зимската краткоденица е навистина длабоко. Всушност, овој ден се смета за свет во многу култури низ светот. Ова е најкраткиот ден од годината следен од најдолгата ноќ, па од овде потекнува духовното значење. Погледнете како да го извлечете најдоброто од овој ден.

1. Вежбајте трпеливост

(2)duhovnoto-znachenje-na-zimskata-kratkodenica-kafepauza.mk

Освен празниците, зимата не е период на луди забави и излегувања. Осаменоста која се појавува во зимските денови може навистина да им пречи на екстровертите. Зимската краткоденица ни вели да бидеме трпеливи, тивки и да чекаме. Самата природа нè замолува да забавиме, да се одмориме и да уживаме во удобноста на нашите домови. Дури и многу животни го знаат ова, па хибернираат во зимските денови.

2. Чекајте да се појави светлината

The light in young woman hands in cupped shape. Concepts of shar

Зимата е период на темнина, а еден начин да го почитувате тоа е да уживате во тишината која ја предизвикува. Бидејќи деновите стануваат пократки, а ноќите подолги, зимската рамноденица е за светлината која ја носите во вас, без разлика што тоа ви означува. Може да бидат визиите кои ги имате за себе, надежта за во пролет или пак некој проект кој сакате да го завршите. Поминете време со вашата имагинација и вашите мисли. Можеби не можете постојано да излегувате надвор, но можете да уживате во просторот кој е внатре во вас.

3. Медитирајте во тишината

(4)duhovnoto-znachenje-na-zimskata-kratkodenica-kafepauza.mk

Можеби не ја сакате тишината, но таа прави нешто неверојатно со вашата концентрација. Ќе почнете да сфаќате колку од мислите кои ги имате не ви се воопшто потребни. А колку повеќе медитирате во тишина, толку полесно ќе се ослободувате од непотребните мисли. Во пролет го чистиме домот, но во зима ги чистиме нашите умови. Ова ќе ви помогне да бидете и попродуктивни бидејќи нема премногу да се грижите за иднината. Кога ќе се фокусирате на сегашноста и на она што го правите сега, вие создавате столб за вашата иднина.

Погледнете и како да ја разбудите вашата духовна креативност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар