Руски рецепт за чистење на цревата
Овој руски рецепт е направен од Викторија Семјонова, стручњак кој се бави со природно лечење. Рецептот е направен од состојки кои со богати со витамини и антиоксиданси и кои многу поволно влијаат на цревата. Пијте од овој напиток три пати на ден пред секој оброк по 100-150 милилитри во текот на еден месец и цревата ќе ви бидат драстично почисти.
Потребни состојки:
- 500 грама моркови
- 500 грама свежо цвекло
- една шака суви кајсии
- една шака суво грозје
- една лажица мед
Начин на подготовка:
Исечкајте ги морковите и цвеклото на ситни парчиња и ставете ги во тенџере. Потоа додајте вода така што таа ќе биде два прста над исечканиот зеленчук. Додајте ги и сувите кајсии и сувото грозје и ставете го тенџерето на оган. Извадете го штом почне водата да врие, па кога малку ќе се излади додајте една лажица мед. Поклопете го тенџерето со капак и оставете го да отстои 12 часа на ладно и суво место. Потоа течноста треба да е добро изладена и време е да ја процедите. На крај ќе добиете напиток доволен за два дена.