Драматично уникатен македонски накит
Во сè што работи, било да е дизајн на облека, накит, костими или моден консалтинг, Ивана Кнез внесува театралност.Немирниот уметнички дух на македонската модна дизајнерка Ивана Кнез постојано трага по нов израз на форма и сцена. Токму таквиот дух е заслужен за успешноста на минатата 2012 година, која ѝ беше доста плодна, изобилувајќи со многу колекции, излагања, соработки и што е најважно исклучително задоволна клиентела.За новата 2013, Ивана има подготвено многу изненадувања кои брендот „Драма“ полека, но сигурно го развиваат не само во домашен, туку и во светски бренд. Освен во Хаг, од 1-ви март овој бренд ќе биде застапен и во престолнината на нашиот северен сосед, Белград. Само еден месец подоцна, „Драма“ ќе се појави и на Модниот викенд во Скопје, преку соработка со веќе етаблираните модни имиња на овие простори.Оваа недела брендот „Драма“ гордо го слави својот 3-ти роденден, во новоотворената концепт-продавница во Белград, спонзорирана од гигантите Смирноф и Давидоф, лоцирана на престижната Кнез Михајлова.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.