Драги родители, во овие 4 ситуации мора да му дозволите на своето дете да згреши

Драги родители, во овие 4 ситуации мора да му дозволите на своето дете да згреши

Ако не сте искусиле неуспех, никогаш нема да знаете што е успех – оваа реченица е толку вистинита, но сепак многу од нас бегаат од неуспехот, без разлика што на крајот тој може да ни донесе и добро. Затоа е важно одвреме-навреме да си дозволиме да згрешиме, но и да им дозволиме и на нашите деца да направат грешки затоа што некои работи само така можат да се научат. Во следниве 4 ситуации родителот треба да му дозволи на своето дете да згреши затоа што само така тоа ќе научи подобро да се справува со животот и неговите предизвици.

0-dragi-roditeli-vo-ovie-4-situacii-mora-da-mu-dozvolite-na-svoeto-dete-da-zgreshi-kafepauza.mk

1. Погрешни пријатели

Скоро секое дете има пријатели за кои неговите родители се сигурни дека не влијаат добро врз него. Сепак, не треба премногу да се мешате во изборот на детето. Децата, особено во средно училиште, „испробуваат“ пријатели исто како што испробуваат разни изгледи додека трагаат по сопствениот идентитет. Кога децата ќе згрешат во врска со пријателите, тие учат не само за пријателството, туку и за различните карактери и профили на луѓе.

2. Спортски и други видови натпревари

Според експертите, кога вашето дете има важен натпревар вие треба да бидете како баба и дедо, а не родители. Што значи всушност тоа? Бабата и дедото обично само сакаат да го видат успехот на нивното внуче, а родителите имаат тенденција да го форсираат детето. Ако вие, како родители, очекувате совршени резултати, така само ќе му создадете притисок и ќе го оптеретите – што значи дека ќе се изостават забавата и искуството од кое треба да се научи.

3. Задолженија во домаќинството

Детето некогаш мора да учи од сопственото искуство и од сопствените грешки. На пример, ако не ја наполнило правилно машината за садови, чиниите кои не се измиле добро ќе мора рачно да ги измие. Поради таа мака веројатно следниот пат ќе постапи правилно.

4. Домашни задачи

Оценките и учењето се важни и родителите мораат добро да му објаснат на своето дете што се очекува од него. Но, сепак детето треба да има барем делумна контрола над своите школски обврски без родителите постојано да му досадуваат со очекувањата. Ако не ја напише домашната задача или не го научи она што се очекува од него, оставете го само да ги почувствува последиците на училиште.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар