Драги мајки, не сте во право: 8 најлоши љубовни совети кои сме ги слушнале од вас
Мајките секогаш знаат што е најдобро за нивите ќерки и ги даваат најдобрите совети. Иако понекогаш ќерките им доаѓаат со цел куп проблеми, мајките секогаш го имаат вистинскиот одговор и соодветното решение.
Меѓутоа, само со една работа нема да сакате да се согласите со вашата мајка. Кога сте биле мали, сигурно ве советувала за момчињата, за љубовните врски; ви кажувала на кои момчиња да го трошите времето, кој ќе биде добар материјал за брак, а од кој да стоите подалеку…
Сега, кога сте возрасни, сфаќате дека многу од тие совети не се точни, колку и да биле добронамерни. Едноставно ова се други времиња и друг свет… Вие и понатаму ќе ги сакате своите мајки, но овие совети денес не важат!
1. „Омажи се за некој кој умее да се грижи за тебе.“
На што мислела: „Фати некој кој стои добро финансиски, кој има пари.“
Зошто ова денес не важи: Во денешно време, секоја млада и образована дама сака да си ја плати сметката со свои пари. Ретко кои жени сакаат мажот да ги издржува и да ги финансира до најмалата ситница. Тие се самостојни, сами заработуваат, успешни се и мажот им доаѓа како поддршка, а не како средство за безгрижен живот.
2. „Омажи се што поскоро.“
На што мислела: „Фати маж додека си млада и убава, бидејќи нема секогаш да бидеш таква.“
Зошто ова денес не важи: Жените сами избираат кога ќе речат „Да“, а не затоа што биолошкиот часовник така им наредува. Ако мажите ве сакаат само кога сте убави, тогаш не ви требаат.
3. „Секогаш биди дама!“
На што мислела: „Не пцуј! Не однесувај се дрско! Секогаш биди добра!“
Зошто ова денес не важи: Секако дека жените сакаат да бидат добри и дами, но светот не функционира така. Вие сигурно нема да молчите ако нешто не е во ред. Имате право на глас и треба да се борите за себе. Имате право да бидете среќни дури и ако некогаш опцуете!
4. „Ќе бидеш толку воодушевена од своите деца, што ќе заборавиш на сѐ друго.“
На што мислела: „Кога ќе родиш деца, треба да си дома. Сѐ што досега си направила со кариерата, си направила. Време е да притиснеш на копчето ‘Пауза’. Да бидеш мајка е најважната улога во животот.“
Зошто ова денес не важи: Да бидете мајка е убава работа, но вие сигурно нема да дозволите вашиот напор вложен на факултет, на работа и вашите амбиции да пропаднат во вода! Ќе најдете начин да усогласите сѐ.
5. „Никој нема да купи крава, ако млекото е бесплатно.“
На што мислела: „Кој ќе те ожени ако често ги менуваш момчињата?“
Зошто ова денес не важи: Сега е друго време. Не значи дека треба постојано да ги менувате момчињата, но не мора да значи ни дека треба да бидете целиот ваш живот само со една личност само поради вашиот „морал“.
6. „Немој да се фалиш и не зборувај за своето минато.“
На што мислела: „Остави сѐ во минатото и сврти нов лист. Без приказни за поранешните момчиња, кој знае што може да помисли. И контролирај го своето однесување.“
Зошто ова денес не важи: Зошто да ги криете своите маани? Такви сте какви што сте. Ако му се допаѓате супер, ако не, има на кого друг да му се допаднете.
7. „Добрата жена го сака и го толерира гледањето спорт.“
На што мислела: „Ако сакаш да го задржиш својот маж, ќе научиш да сакаш спорт, за да можеш да го поддржуваш и да ги следиш настаните со него.“
Зошто ова денес не важи: Многу жени денес сакаат спорт, но некои не сакаат. Зошто тој со вас не гледа „Сексот и градот“ или „Очајни домаќинки“ на пример? Никој од вас не треба да ги заменува своите омилени активности во слободното време со нешто што не го интересира.
8. „Научи да готвиш.“
На што мислела: „Ниеден маж нема да го помине животот покрај некој кој не знае да му направи ниту ручек.“
Зошто ова денес не важи: Никој нема да ве избере заради вашите кулинарски способности. Ќе научите да ги подготвувате неговите омилени јадења, но ќе готвите заедно. Освен тоа, има толку многу ресторани и ништо нема да се случи ако понекогаш готвениот оброк го замените со брза храна. А, понекогаш можете и да појдете кај мајките на топол и вкусен оброк, зарем не?