Драги девојки, принцот на бел коњ нема да ве спаси од самите себеси

Драги девојки, принцот на бел коњ нема да ве спаси од самите себеси

Ако сте како поголемиот дел од девојките ширум светот, тогаш сигурно и вие сте гледале како Снежана се враќа во живот од само еден бакнеж. Сигурно сте гледале и како принцот ја спасува заспаната убавица, повторно со бакнеж. Од друга страна пак, тука е и Ариел која за малку ќе го изгубела својот живот само колку да бакне маж кој воопшто не го познава.

Драги девојки, принцот на бел коњ нема да ве спаси од самите себеси

Сите овие филмови во крајна линија ни покажуваат дека денешните жени никогаш нема да бидат вистински среќни без нивните принцови на бели коњи. Тие дури и не би можеле да бидат живи доколку не го добијат тој ценет бакнеж. Дури и да верувате дека сте различни, дека не размислувате на овој начин, сепак сте растеле со овие приказни кои со сигурност го пронашле своето место некаде длабоко во вашата несвесност. Сите ние тежнееме кон среќен крај, и сакаме истиот да го постигнеме стоејќи покрај некоја друга личност кон која ќе имаме силни чувства.

Обидете се да се навратите назад во вашето минато, особено во тинејџерските години. Сте имале ли врска каде што сте мислеле дека сте го запознале вашиот принц на бел коњ кој ве спасил од вашите демони, од вашите негативни мисли, од самите себеси…? Дали тој направил да се чувствувате како да сте најубавото нешто на оваа планета? Да? А сега обидете се да ја погледнете ситуацијата од малку поинаква перспектива и обидете се да одговорите на следново прашање: Дали сметавте дека ви е потребен тој за да бидете вистински среќни?

Најголемата и највредната лекција која можете да ја научите во вашиот живот е дека никој не може да ве спаси од самите себеси, ниту пак да ве направи среќни. Вие самите треба да го сторите тоа. Токму тогаш и ќе почнете да сфаќате дека не ви е потребно момче крај вас за да можете самоуверено да се движите низ животот. Само вие сте си потребни. Откако ќе го сфатите ова, дури тогаш ќе можете да започнете да градите и здрава љубовна врска, која не се врти околу бајковити очекувања и целосна зависност од партнерот. Само тогаш ќе можете да почувствувате вистинска слобода во вашата заљубеност.

Вие сте посилни одошто мислите. И верувајте, вредите многу повеќе! Не дозволувајте вашата среќа да биде условена од друга личност, без разлика на вашите чувства. Најпрво најдете ја среќата во себеси, а потоа надополнувајте ја со среќата на личноста крај вас. Заборавете на мислата дека ви е потребно друго човечко суштество кое ќе биде вашиот спасител и причина за вашата среќа. Повторно ќе кажеме, вие сте си доволни самите на себеси. Никогаш не заборавајте го тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар