Драги девојки, никогаш немојте да ги правите овие работи за да го привлечете машкото внимание

Драги девојки, никогаш немојте да ги правите овие работи за да го привлечете машкото внимание

Тешко е да се биде сингл во денешно време. „Конкуренцијата“ е голема, а моралните вредности изместени. Момците честопати ги одбираат девојките врз основа на површни работи, а девојките, пак, се толку очајни што подготвени се да направат сѐ само за да го привлечат машкото внимание. Колку и да сакате да си најдете партнер и да го промените статусот „сингл“, никогаш немојте да ги правите следниве 12 работи за да ги придобиете неговите симпатии…

Драги девојки, никогаш немојте да ги правите овие работи за да го привлечете машкото внимание

1. Не му испраќајте голи фотографии. Голите фотографии се прифатливи само доколку сте во сериозна врска и сакате да го „зачините“ малку сексуалниот живот. Ако дечкото кој штотуку сте го запознале бара да му пратите вакви фотографии, бегајте што подалеку! Тој не ве гледа како потенцијална девојка, туку како сексуален објект што ќе му послужи за да си ги задоволи потребите.

2. Не се дотерувајте. Никој не очекува од вас да изгледате како супермодел. Не морате да го растурате целиот плакар секогаш кога мислите дека постои можност да го сретнете. Би требало да му се допаѓате без разлика дали носите мини здолниште или широки фармерки.

3. Немојте да имате секс пред да го запознаете подобро. Никогаш немојте да се согласувате на сексуални односи само за да му се допаднете! Доколку мислите дека треба да почекате уште малку, тој би требало да покаже разбирање и да ве чека колку што е потребно. Идеално би било кога тој најпрво би ве прашал дали сакате да му бидете девојка. Тој не би требало да го користи сексот како фактор при одлучувањето дали сака да биде со вас или не.

4. Немојте да слабеете. На мажот со кого заслужувате да бидете нема да му пречи дали имате стомаче или целулит. Тој ќе обрнува внимание на другите позначајни детали како што се вашата насмевка и прекрасен поглед.

5. Немојте да го правите љубоморен. Тој не би требало да види како му седите во скут на неговиот најдобар пријател за да сфати дека чувствува нешто за вас. Немојте да „паѓате“ на оние момци кои ве посакуваат само тогаш кога сте недостапни, бидејќи во случај да му станете девојка, набрзо ќе му здодеете. Потоа ќе ве напушти и ќе ви го скрши срцето.

6. Не му праќајте пораки со сексуална содржина. Барем не на самиот почеток. Во почетната фаза би требало да водите длабоки разговори. Разговори кои не се сведуваат на тоа што би ви правел во спалната. Треба да му се допаѓате поради вашите мислења и ставови, а не поради вашите вештини во кревет.

Драги девојки, никогаш немојте да ги правите овие работи за да го привлечете машкото внимание

7. Не го разгалувајте. Не би требало да ја „купувате“ неговата љубов со скапи подароци и домашно приготвени јадења. Тој би требало да ве сака и покрај тоа што не знаете да готвите и немате што друго да му дадете освен вашата љубов и внимание.

8. Не го окупирајте неговиот мобилен телефон. Не мора да му праќате милион пораки на ден или да објавувате илјадници фотографии на Инстаграм за да го потсетите дека постоите. Ако тој сака да биде со вас, нема да ве заборави. Секогаш ќе мисли на вас, дури и да поминале недели од вашата последна средба.

9. Немојте да лажете. Тој би требало да ве прифати целосно, со сите ваши мани и недостатоци. Ако мора да се преправате дека гледате фудбал или дека ја слушате истата музика само за да му се допаднете, нема поента да бидете заедно. Тоа значи дека вие создавате илузија и дека не му се допаѓате вие, туку некоја друга личност.

10. Немојте да се фалите. Не треба да ги критикувате сите други девојки во просторијата за тој да ја забележи вашата убавина. Никако не смеете да се фалите со бројот на момци кои се заинтересирани за вас. Тој треба да е заинтересиран за вас и без да му ги кажете причините зошто би требало да му се допаднете.

11. Немојте да правите луди работи. Не треба да се опијаните и да танцувате по маси. Нема потреба да му напишете песна за вашата љубов кон него. Ако сте создадени еден за друг, сѐ што треба да направите е да му се доближите и да му кажете „Здраво“.

12. Немојте да се менувате. Не треба да се фарбате, да го менувате стилот на облекување или сопственото мислење за да се допаднете некому. Можете да го најдете вашиот совршен партнер токму онакви какви што сте. Не заборавајте дека сте прекрасни и дека нема потреба да се претворате во нешто што не сте.

Сега кога знаете што не треба да правите за да ги придобиете неговите симпатии, прочитајте ги овие 7 трикови со чија помош ќе го привлечете машкото внимание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар