Драги девојки, бидете со личност која ги сака сите оние работи што ве прават несигурни

Драги девојки, бидете со личност која ги сака сите оние работи што ве прават несигурни

Љубовта е поим кој тешко се објаснува. Малкумина од нас би можеле точно да го опишат тоа што таа го претставува. Но, сепак, едно е сигурно – љубовта не е само „Те сакам“, туку таа се гледа и докажува во сите оние мали работи кои знаат да го затоплат нашето срце. Таа ја зголемува самодовербата и сигурноста, а тотално ја брише несигурноста. Затоа драги девојки, пронајдете момче кое ќе ве исполни и ќе ја избриши несигурноста од вашиот живот.

1-dragi-devojki-bidete-so-nekogo-koj-kje-gi-saka-site-vashi-raboti-koi-ve-pravat-nesigurni-www.kafepauza.mk_

1. Бидете со некој кој ќе се налути кога ќе кажете дека сте грди, бидејќи тој не може да разбере како некој кој е толку убав може да има толку искривена перцепција за себе.

2. Бидете со некој кој ќе ви даде новооткриена благодарност за дамките и бемките со кои сте растеле мразејќи ги.

3. Бидете со некој, кој ќе ве охрабрува да пеете заедно со него додека се возите во автомобилот, иако вашиот глас звучи ужасно.

4. Бидете со некој кој ќе го сака вашиот пуш-ап градник, но кој нема да разбира зошто го носите, бидејќи мисли дека вашите гради се во вистинската големина.

5. Бидете со некој кој ќе прави да се чувствувате удобно, па дури и самоуверено, за да излезете од домот без ниту еден грам шминка.

6. Бидете со некој кој нема да се засрами кога ќе се сопнете од вашите две нозе или кога ќе кажете нешто сосема лудо на неговиот пријател, бидејќи тој ја гледа вашата необичност како симпатична особина.

2-dragi-devojki-bidete-so-nekogo-koj-kje-gi-saka-site-vashi-raboti-koi-ve-pravat-nesigurni-www.kafepauza.mk_

7. Бидете со некој кој ќе ви даде комплимент за вашата природна коса, секогаш кога ќе излезете од бањата.

8. Бидете со некој кој никогаш нема да стави филтер на заедничките фотографии, бидејќи мисли дека изгледате навистина прекрасно онакви какви што сте.

9. Бидете со некој кој мисли дека сте натпросечно интелигентни, и покрај тоа што ве има видено како го истурате пивото врз себеси или користите одредени непријатни зборови во неочекувана ситуација.

10. Бидете со некој кој мисли дека изгледате убаво со очилата за вид исто како што изгледате и со леќите.

11. Бидете со некој кој ќе се смее на вашите глупави шеги, иако тие не се смешни на кој било начин, бидејќи мисли дека изгледате преслатко додека ги кажувате.

12. Бидете со некој кој ќе ве нарекува „убава“, дури и кога ќе ја избришете вашата шминка и ќе го откриете лицето кое е полно со лузни и мозолчиња.

4-dragi-devojki-bidete-so-nekogo-koj-kje-gi-saka-site-vashi-raboti-koi-ve-pravat-nesigurni-www.kafepauza.mk_

13. Бидете со некој кој нема да се грижи за тоа колку е вашиот резултат од куглање или колку брзо ќе го завршите маратонот, бидејќи забавата со вас му значи повеќе отколку победата.

14. Бидете со некој кој нема да ви дозволи да ја избришете фотографијата на која изгледате„грдо“, бидејќи мисли дека ужасно грешите и сака да ги зачува спомените.

15. Бидете со некој на кој не му служите само како пополнување на слободното време. Бидете со некој кој ќе се чувствува како да е благословен да биде со вас, дури и за време на вашите испади и плачливи моменти.

16. Бидете со некој кој ќе ве гледа збунето додека тврдите дека изгледате несредено.

17. Бидете со некој кој секогаш ќе ве прашува да ги оставете светлата вклучени во текот на сексот, бидејќи сака да го види секој сантиметар од вашето прекрасно тело.

3-dragi-devojki-bidete-so-nekogo-koj-kje-gi-saka-site-vashi-raboti-koi-ve-pravat-nesigurni-www.kafepauza.mk_

18. Бидете со некој кој мисли дека не ви е потребна вага во вашата бања, бидејќи вашиот стомак е една од неговите омилени работи кај вас.

19. Бидете со некој кој никогаш нема да ве критикува додека разговара со неговите пријатели. Секогаш кога зборува за вас, тој ве пофалува.

20. Бидете со некој кој сè уште сака да има секс со вас, иако вие ги немате издепилирано вашите нозе со недели.

21. Бидете со некој кој ќе го бакнува вашиот целулит и дебелото стомаче, бидејќи мисли дека секој дел од вашето тело е апсолутно убав.

22. Бидете со некој кој ќе направи да се грижите помалку во врска со вашата несигурност отколку претходно, бидејќи вие се чувствувате убаво (и успешно и интелигентно и сакано) кога сте со него.

23. Бидете со некој на чие мислење му верувате повеќе од огледалото.

6-dragi-devojki-bidete-so-nekogo-koj-kje-gi-saka-site-vashi-raboti-koi-ve-pravat-nesigurni-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар