Драги дами, дали сте подготвени да доживеете (к)оргазам?

Драги дами, дали сте подготвени да доживеете (к)оргазам?

Го знаете она убаво чувство кога вашето тело се облива со топлина, додека истовремено се распрснува на милиони мали парчиња, речиси парализирајќи ве од задоволство? Епа сега замислете тоа чувство да го доживеете додека вежбате јога или фитнес. Дали е можно? Да!

Драги дами, дали сте подготвени да доживеете (к)оргазам?

Постигнувањето оргазам или чувството блиску до коргазам како резултат на одредени длабоки стомачни вежби е топ тема во фитнес-центрите и салите за вежбање.

Коргазамот не е нов. Она што е ново е само неговото име. Коргазам е всушност оргазам кој се доживува за време на вежбање. Жените зборуваат за ова и секако сакаат да го постигнат.

Жените можат да постигнат оргазам и со друг тип вежби: со бавно, контролирано подигање на ногата додека се потпираат на грб, подигнување на колковите или спуштање на карлицата во лежечка позиција на грб, па дури и со базични вежби со карлица. Тајната е во стискање и контрахирање на вистинските мускули многу пати во комбинација со чувство на тензија. Нормално, на некои жени ќе им треба подолго време.

Според сексуалниот терапевт д-р Викторија Здорк „многу жени треба да создадат тензија во нозете пред да доживеат оргазам. Па кога жените вежбаат, испуштањето на ендорфинот и допаминот, кои се неопходни за доживување оргазам, во комбинација со тензијата во долните екстремитети, може да ја предизвика потребната клиторична стимулација.“

Се случува кога жените ги притискаат мускулите во нивното јадро, односно квадрицепсите и мускулите во бедрата. Тие автоматски ги стискаат карличните мускули што ги поттикнува нервните импулси и така се случува коргазмот. Не мора да значи дека со едно стискање ќе се постигне коргазам, но со повеќе повторувања, ваквата стимулација може да предизвика интензивно чувство на задоволство во долниот дел од вашето тело. Па ако ова не ви е доволно добра причина за да почнете со вежбање, што друго би било? 🙂

Секако, не ви треба сала за вежбање доколку имате жесток и редовен сексуален живот. Можете да затегате мускули, да согорувате калории, да ослободувате токсини и да доживувате оргазми и во спалната соба. Можете да согорите од 200 до 1.000 калории од еден оргазам на кој му претходеле 30-60 минути водење љубов.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар