Дозволено ви е да си заминете...

Дозволено ви е да си заминете…

„Ако некогаш се најдете во погрешната приказна, заминете си.“ – Мо Вилемс.

Дозволено ви е да ја напуштите секоја приказна во којашто не се пронаоѓате. Дозволено ви е да ја напуштите секоја приказна каде што вие ја немате главната улога.

dozvoleno-vi-e-da-si-zaminete-www.kafepauza.mk

Дозволено ви е да го напуштите градот што го затемнува вашето светло, наместо да направи да сјаете уште посилно – слободно спакувајте си ги куферите и почнете одново на место каде што ви е дозволено да си ја редефинирате смислата за својот живот.

Дозволено ви е да дадете отказ од работата што ја мразите, дури и целиот свет да ви вели дека не треба да барате нешто што ќе ве натера да се радувате на следниот ден до крајот на вашиот живот.

Дозволено ви е да напуштите некого што го сакате доколку тој или таа се однесува лошо со вас. Ставете се себеси на првото место и размислете за тоа што е најдобро за вас, и ако тоа значи да си одите – направете го тоа! Особено ако постојано сте почнувале да ги поправите нештата и сте вложувале многу труд, но ништо не се променило.

Дозволено ви е да ги исфрлите токсичните пријатели од вашиот живот и да се опколите со љубов, со оние што ве охрабруваат да бидете подобри и се грижат за вас. Вие треба да ја изберете онаа енергија што ви е потребна во животот.

Дозволено ви е да си простите себеси за најголемите и најмалите грешки, и дозволено ви е да бидете љубезни кон себе. Кога ќе се погледнете во огледало, треба да ја сакате личноста што ве гледа од другата страна.

Дозволено ви е и да се ослободите од сопствените очекувања.

Иако често го гледаме напуштањето како нешто лошо или го поврзуваме со откажување, понекогаш тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за себе. Со тоа што ќе оставите нешто или некого зад себе, вие ќе смените насока во вашиот живот, ќе почнете одново, ќе се откриете од почеток и ќе го осознаете подобро светот. Спасете се од заглавување на погрешно место со погрешни луѓе и оставете ја вратата отворена за промена, раст, нови можности…

Вие секогаш го имате изборот да си одите, сè додека не го најдете местото каде што припаѓате и каде што се чувствувате среќно. Дозволено ви е дури и да си го оставите „старото јас“ зад себе и одново да се пронајдете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар