Дознајте со каков партнер би требало да се венчате според вашиот примарен мозочен квадрант
Сите луѓе сакаат да си најдат партнер со кого би можеле да го поминат животот. Постојат многу учтиви, паметни и згодни мажи кои не можат да ја препознаат вистинската жена за нив. Постојат и многу прекрасни, грижливи и интелигентни жени кои постојано налетуваат на погрешни мажи. Па, каде лежи проблемот? Зошто тие прекрасни мажи и жени не можат да се најдат едни со други? Во зависност од вашиот начин на размислување, постојат 4 решенија за овој проблем.
Овие решенија се засноваат на теоријата на Нед Херман за мозочната доминација. Станува збор за значајни вештини кои ќе ви помогнат да се разберете себеси, но и другите. Во продолжение дознајте кој дел од мозокот ви е најактивен и каков партнер би требало да барате според вашиот начин на размислување…
1. Квадрант А: Горниот дел од левата мозочна хемисфера е најактивен
Овој дел ги содржи сите податоци, факти и цифри. Ако сте многу паметни, амбициозни и се стремите кон тоа да ги остварите вашите цели, сигурно ви се има смачено од потенцијалните партнери кои сакаат да се пробијат со ваша помош, но немаат што да ви понудат за возврат.
Мажите со овој примарен квадрант бараат жена која е убава и секси, која ќе ги цени и ќе го поддржи нивниот сон за традиционален брачен живот. Тие се гледаат себеси како сопрузи кои постојано работат и го носат поголемиот дел од заработката, додека, пак, нивната сопруга е задолжена за семејството и за домот.
Жените бараат партнер со изградена кариера во согласност со општествените норми и правила. Тие бараат некој кој ќе се грижи за нив и ќе ги заштитува. Идеалниот партнер за овие личности е некој кој е паметен, кој познава многу вештини и знае да покаже сочувство и разбирање.
2. Квадрант Б: Долниот дел од левата мозочна хемисфера е најактивен
Овој дел е заслужен за планирањето и редот. Доколку размислувате на овој начин, сигурно сакате да најдете некого со кого ќе можете да функционирате како тим и заеднички да работите на тоа да ги остварите вашите цели. Но, не заборавајте дека не го делат сите вашето мислење. Одбегнувајте ги потенцијалните партнери кои ќе очекуваат од вас да го извршувате поголемиот дел од работите. Обрнете внимание на тоа колку се трудољубиви луѓето за кои сте заинтересирани. Најдобро би било да се вљубите во некој кај кого доминира истиот мозочен квадрант, бидејќи само таков човек ќе биде подеднакво стабилен, постојан и одговорен како вас.
3. Квадрант Ц: Долниот дел од десната мозочна хемисфера е најактивен
Вие барате романтика, страст, емоции и партнерство во вистинска смисла на зборот. Доколку сте многу страсни емотивни и барате исто толку романтичен партнер, мора да бидете внимателни со постојаните промени на расположението кои се честа појава кај луѓето кои размислуваат на овој начин. Освен тоа, овие луѓе понекогаш се неверни и често ги менуваат партнерите. Мора да бидете многу сочувствителни за да можете да го смирите партнерот и да ги надминете несогласувањата, бидејќи најчесто тие се главниот виновник за неверствата. Ќе имате низа претерано романтични врски кои ќе бидат многу интензивни, но кратки. Тие ќе ја задоволуваат вашата романтична и страсна природа, но нема да ве одведат до смирен брачен живот со деца и семејство.
4. Квадрант Д: Горниот дел од десната мозочна хемисфера е најактивен
Вие сакате природа, мир, медитација, јога и уметност. Со оглед на тоа што многу си ја цените слободата, тешко ви е да останете во долга сериозна врска. Ви треба партнер кој е многу смирен и кој ќе може да ја победи тензијата што настанала меѓу вас за најкратко можно време, за да не се обесхрабрите и да не кренете раце од врската. Доколку сакате да си најдете посериозен партнер, одберете некој кај кого ќе доминира квадрант Б, бидејќи тие се најстабилните и најпосветените партнери.
Доколку сте во потрага по вашиот идеален партнер, ова се 3-те заблуди поради кои ќе ја пропуштите можноста да го најдете совршениот партнер за вас онлајн.