Дознајте што открива ракописот за вашиот сексуален живот

Дознајте што открива ракописот за вашиот сексуален живот

Сигурно сте прочитале многу текстови и статии за врската меѓу ракописот и вашиот карактер. Но, дали сте знаеле дека ракописот може да открие многу работи и за вашиот сексуален живот? Земете еден лист хартија и напишете „Што очекувам кога спијам со некого?“. Убаво разгледајте го вашиот ракопис и откријте што кажува тој за вашите навики меѓу чаршафите…

Дознајте што открива ракописот за вашиот сексуален живот

Големина на буквите

Ситни: Вие сте срамежливи и сакате да бидете потчинети. Откако ќе се соблечете, очекувате од партнерот да ја преземе контролата во негови раце. Поради тоа, честопати претпочитате тој да е одозгора и да ја врши целата работа. Тоа не е така затоа што сте мрзливи и не сакате да се потрудите, туку едноставно поубаво ви е кога некој има контрола врз вас.

Крупни: Вие сакате да давате наредби и да одбирате која поза ќе биде следна. Тоа прави да се чувствувате моќни, силни и сексапилни.

Просечна големина: Понекогаш сте потчинети, понекогаш доминирате. Зависи од ситуацијата и расположението. Сакате да давате, но и да добивате, така што не ви е важно кој ја има контролата, најважно е да доживеете оргазам.

Форма на буквите

Заоблени: Вие сте креативни и сакате да испробувате нови работи за да ја одржите страста во креветот. Немате никаков проблем со користење разни секс играчки, обожавате да облекувате костими и да глумите, а некогаш ви се случува и да се појавите на љубовниот состанок без долна облека што обично завршува со секс на јавно место.

Изострени: Вие се држите до она што добро го познавате. Не сакате да експериментирате, да користите лисици, врзување или да носите необична долна облека. Доволно ви е само голото тело на партнерот. Не ви требаат никакви други чудни додатоци и играчки.

Колку го притискате пенкалото додека пишувате

Силен притисок: Вие сте големи љубители на грубиот секс. Не ви пречи тегнењето за коса и „плескањето“ по задникот. Голем експерт сте и за користењето вулгарни зборови за време на сексот.

Слаб притисок: Вие немате секс, вие водите љубов. Нежно го бакнувате телото на партнерот и го гледате длабоко во очите. Секое водење љубов со вас претставува посебно сексуално искуство.

Дознајте што открива ракописот за вашиот сексуален живот

Закосеност на буквите

Закосени кон десно: Многу брзо ви досадуваат работите, така што дефинитивно не ја практикувате мисионерската поза секоја вечер. Сакате да пробувате нови позиции, нови места и нови движења.

Закосени кон лево: Не ви пречи рутината, но одвреме-навреме го будите вашиот авантуристички дух. Сакате да имате секс на необични места и да се бакнувате страсно сред трговскиот центар. Не ви е потребна возбуда цело време, но не ви пречи да пробувате нови работи.

Потполно прави: Многу сте конзервативни. Воопшто не сте заинтересирани за секс во јавност или за гледање порно филмови заедно со партнерот. Вие сакате да имате нормален секс во приватноста на вашиот дом.

Видот на буквите

Ракописни: За вас сексот претставува поезија. Сексуалниот чин има големо значење и претставува нешто небеско. Токму затоа имате секс само со луѓе за кои сте сигурни дека сакаат да започнат сериозна врска со вас.

Печатни: Вие сте реалисти. Знаете дека сексот е животински и претставува природна потреба. Сте имале секс кој имал длабоко значење за вас, но сте имале и секс со луѓе кои воопшто не сте ги познавале. Немате ништо против сексот за една вечер и пријателствата со придобивки.

Во продолжение дознајте и што открива ракописот за вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар