Дознајте од кои работи се откажуваат паметните луѓе - Part 2

Дознајте од кои работи се откажуваат паметните луѓе

Откажете се од обидите да им угодите на сите

Не постои подобро чувство од тоа кога знаете дека сте заслужни за нечија насмевка. Меѓутоа, доколку грижата е еднострана, најпаметно е да престанете да угодувате и да видите што ќе се случи. Добрите односи опстануваат, бидејќи и двете страни се подготвени да ја негуваат врската. Не смеете ни да се обидувате да вложувате труд за двајца.

Откажете се од ограничувањата што самите сте ги поставиле

Ако постојано се уверувате дека не можете или не знаете да направите нешто, само ќе ви се причини дека ѕидовите се стеснуваат околу вас, но тоа не е вистина. Не можете да знаете за што сѐ сте способни, додека не се обидете. Сигурно постојат барем неколку работи што отсекогаш сте сакале да ги направите, но сте се плашеле. Сега е вистинското време да ги срушите тие погрешно поставени граници и да сторите нешто возбудливо.

Откажете се од разочарувањата

Среќните и одлучни луѓе немаат време да се чувствуваат лошо. Нема смисла постојано да се чувствувате разочарано. На тој начин само ќе го губите времето што сте можеле да го искористите за да бидете продуктивни. Нареден пат кога ќе се соочите со некакво разочарување, анализирајте ја ситуацијата за да сфатите каде сте згрешиле и тука застанете. Конструктивното размислување ќе ве одведе до успехот, бидејќи зголемената способност за проценување на ситуацијата ќе ги намали шансите да се разочарате.

Откажете од чувството на неприпадност

Многу луѓе не знаат каде припаѓаат во светот. Доколку чувствувате дека не припаѓате во ниту една општествена група, треба да знаете дека тука нема ништо лошо. Тоа што ви треба повеќе време да го пронајдете своето место во друштвото значи дека не сте како повеќето луѓе, туку дека сте единствени. Освен тоа, повеќе ги цениме работите за кои сме вложиле повеќе труд и време. Кога ќе го пронајдете вашето место во светот, ќе сфатите дека се исплатело да поминете низ сите тие проблеми и неволји.

Откажете се од обидите да станете нешто што не сте

Можеби се чувствувате несреќно, затоа што сте опкружени со луѓе кои не ве познаваат вистински. Сте одлучиле да се однесувате според општествените правила и прописи за да бидете прифатени, и никому не сте го покажале вашето вистинско лице. Но, не можете засекогаш да се криете. Ако сакате луѓето да ве сакаат поради вашето вистинско „јас“, мора да им дозволите да ве запознаат. Почнете со мали чекори и не се откажувајте.

Дознајте од кои работи се откажуваат паметните луѓе

Откажете се од обидите да најдете полесен пат до успехот

Познато ви е неверојатното чувство на задоволство што се јавува откако сте вложиле многу време и труд за да постигнете нешто? Не? Ако не се посветите на нешто, нема ни да го почувствувате. Не очекувајте дека парите ќе ви паднат од небо. Време е да се соочите со фактот дека морате да ги засукате ракавите за да ги заслужите убавите работи во животот. Не го одбирајте полесниот пат, туку потрудете се за да ги остварите вашите соништа.

Откажете се од старата облека

Нашите емоции нѐ врзуваат за некои предмети, како што е облеката. Сигурно ја чувате старата маица која ве потсетува на бившиот или скинатата чанта што ви ја подариле пријателите со кои не контактирате повеќе. Сите спомени што вреди да ги зачувате, ќе останат во вашиот ум. Немојте да трошите цело богатство на брендирана облека. Облеката што ја носите треба да биде квалитетна, а не скапа.

Откажете се од брзата храна

Многу добро знаете дека тоа не е вистинска храна. Вашиот изглед ќе стане одраз на храната што ја внесувате. Треба да уживате во вкусните јадења што ќе ви дадат енергија, а нема да ве здебелат. Научете да готвите и хранете се здраво. Веднаш ќе почувствувате значителни промени во вашето здравје.

Откажете се од незадоволството од сопственото тело

Светот би бил многу здодевен кога сите луѓе би изгледале исто. Вашиот изглед е единствен, а тоа го прави убав на свој начин. Не треба да се грижите за туѓото мислење. Најважно е да се грижите за телото, да вежбате и да го негувате. Прифатете се онакви какви што сте. Ако самите не се прифатите, зошто би ве прифатиле останатите?

Откажете се од грижите за финансиите

Парите се главниот извор на стрес. Луѓето премногу се грижат дали ќе имаат доволно пари, а времето си тече. Управувањето со финансиите е вештина што се учи и развива. Вашиот живот ќе стане многу полесен ако изградите правилен став кон материјалните работи.

Прочитајте ги и 8-те навики на среќните луѓе за кои тие ретко зборуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар