Дознајте која е единствената „вештина“ што гарантира незаборавен секс
Неверојатна хемија, извонредни вештини, физичка издржливост и оргазам. Според многумина, ова се четирите „состојки“ од кои зависи успешниот секс. Меѓутоа, изгледа дека ова мислење е сосема погрешно.
Експертите тврдат дека постои само една работа што гарантира вистинско сексуално задоволство, а тоа е целосната преданост. Главните елементи што ја сочинуваат целосната преданост е концентрацијата во текот на сексуалниот однос, чувството на длабока еротска блискост, добрата комуникација, искреност и желба за причинување задоволство.
Неодамнешните истражувања откриле дека многу луѓе не обрнуваат големо внимание на самиот оргазам, бидејќи сексот може да е лош без разлика дали сте го достигнале врвот или не. Поголемо внимание се обрнува на таканаречената оптимална сексуалност и идејата дека сексот може да биде непресушен извор на задоволство и без оргазмот.
Поголемиот дел од испитаните парови изјавиле дека најважниот елемент на сексуалното искуство е целосната преданост, бидејќи таа подразбира меѓусебна почит, прифаќање и нежност. Изгледот, телото и техниката се на дното од листата на приоритети, бидејќи добрите партнери доаѓаат во сите форми и големини, а вештините зависат од искуството.
Мора да признаеме дека сето ова звучи логично и покрај тоа што можеби целосно ќе ни го смени сфаќањето за сексот.
Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, дознајте која е најголемата грешка за време на сексот што им се случува на сите.