Дознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинации
Некои жени им остануваат верни на класичните бои како што се црната, сивата и кафеавата кои не се толку впечатливи, но постојат и дами кои го обожаваат шаренилото и претпочитаат живи и интензивни бои. Имајќи го ова на ум, постои боја која иако според многумина е навистина убава и весела, само мал дел од жените се осмелуваат да ја вклучат во нивните модни комбинации. Тоа е така затоа што сметаат дека не можат да ја пронајдат вистинската нијанса или мислат дека тешко ќе можат да ја искомбинираат.
Хелен Венејблс, експерт за бои и директорка на компанијата House of Colour, открила дека поголемиот дел од жените се плашат да носат зелена боја. Без разлика дали се работи за нежна нијанса на ментол, потопла нијанса на лимета или темна шумска зелена боја, жените најчесто ја одбегнуваат.
„Многу наши клиентки имаат аверзија кон зелената боја, но постојат толку убави нијанси за секого“, изјавила Хелен.
Зелената боја лесно може да се комбинира со боите кои се наоѓаат спротивно од неа на основната палета на бои. Меѓутоа, немојте да се ограничувате и храбро комбинирајте ја и со други неочекувани нијанси.
Смарагдно зелената боја одлично оди со црната. На пример, можете да облечете смарагдно зелена блуза со црни панталони или здолниште, а можете да ја направите и обратната комбинација: Долниот дел нека биде во зелена, а горниот во црна боја.
Кога станува збор за уредувањето на домот, оваа боја се користи многу почесто. Познатиот институт за бои Pantone ја прогласил зелената нијанса со име „Greenery“ за боја која ќе ја обележи 2017 година.
Па, што чекате? Пролетта само што започна, а тоа е одличен повод за да блеснете во зелено!