Дознајте кој ви ја краде животната енергија и како да го спречите тоа

Дознајте кој ви ја краде животната енергија и како да го спречите тоа

Луѓето секојдневно доживуваат цела палета емоции – од бес и разочарување, па сè до среќа и љубов. Добро би било да знаете што сака да ви каже секоја емоција, но треба да научите и да се справите со негативните.

Дознајте кој ви ја краде животната енергија и како да го спречите тоа

Препорачливо е да ги набљудувате вашите емоции без претерано анализирање. Бидејќи животот е непредвидлив, веројатно често чувствувате стрес, но важно е да бидете трпеливи и да верувате во себе. За да го ублажите влијанието на негативните емоции, можете да користите разни техники како медитација, јога, прошетка, слушање музика и слично.

Трчањето, на пример, е можеби најдобар начин да го исчистите вашиот ум. Исто така од помош се дружењето, покажувањето љубов кон животот и опуштениот разговор. Состојбата на внатрешен мир е навистина важна, а најдоброто е што можете да научите како да ја постигнете.

Што ви ја краде енергијата?

Несреќи, болести, смрт… сето ова се животни настани кои ја црпат вашата енергија, а на кои не можете да влијаете. Покрај ова, постојат и „тивки крадци“ на енергија во вашето опкружување за кои сте одговорни само вие. Кога реагирате на околностите со негативни емоции, може да настане депресија. Судењето на другите е исто така многу ниска вибрација која ја влошува состојбата на духот и телото. Поради ова, од голема важност е да размислите пред да почнете да судите некому.

Друго нешто што можете да го контролирате е и количеството и квалитетот на информации што ги добивате. Во современиот свет телефоните и компјутерите се дел од нас, но без контролирање на негативните информации што ги добивате од овде, со текот на времето ќе ја нарушите вашата рамнотежа. Направете листа со содржина која сакате да ја следите во ограничен временски период. Најдобро е ова да бидат едукативни веб-сајтови или видеа со релаксирачка музика и предавања.

Како влијаат луѓето на вашиот внатрешен мир?

Од голема важност е да обрнете внимание и на луѓето со коишто сте опкружени. Неретко се случува да се дружите со луѓе кои зрачат негативна енергија. Ова се личности кои постојано се жалат и критикуваат и не преземаат ништо за да ја подобрат нивната ситуација.

Веројатно често сте соочени и со луѓе кои не ве слушаат, туку зборуваат само за себе. Овие луѓе можат да ја искористат секоја можност за да ве понижат или да ве критикуваат. Во овие ситуации вашиот внатрешен мир е нападнат и потребно е да го вратите назад. Едноставно, избегнувајте ги луѓето кои емитуваат вакви ниски фреквенции.

Доколку пак сте принудени да бидете во друштво на ваква личност, сведете ја комуникацијата на минимум. Потребно е вие да се ставите на прво место, бидејќи не сте овде за другите. Времето изгубено на погрешни луѓе нема да можете да го надополните.

Погледнете кои се типовите токсични луѓе кои ја одземаат целата ваша енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар