Дознајте кои се 7-те типови раскинувања и како да се справите со секое од нив

Дознајте кои се 7-те типови раскинувања и како да се справите со секое од нив

Ретки се луѓето кои можат да раскинат на разумен начин без да ги почувствуваат последиците од скршеното срце. Раскинувањата се многу болни за повеќето луѓе. Постојат многу различни причини поради кои партнерите решаваат да ѝ стават крај на врската, но и исто толку различни начини на кои го прават тоа. Во продолжение дознајте кои се 7-те типови раскинувања и како да се справите со секое од нив…

Дознајте кои се 7-те типови раскинувања и како да се справите со секое од нив

1. Заедничко раскинување

Вашата врска била многу бурна. Но, една вечер и двајцата сте почувствувале дека страста исчезнала. Следуваат речиници од типот „Ти ме направи подобра личност, но време е да се продолжи понатаму“. Освен тоа, сингл животот не ви се чини толку лош, бидејќи и онака веќе некое време и двјацата сте размислувале да раскинете, само не сте го кажувале тоа гласно.

2. Очекуваното раскинување

Тој постојано излегува до доцна навечер, а вие сакате да станувате рано за да вежбате. Вашите животни навики воопшто не се согласуваат и караниците се неизбежни. Знаете дека врската не функционира како што треба, но одбегнувате да разговарате веќе со месеци. Во вакви ситуации, најдобро е да ја насочите вашата енергија кон некоја цел што нема да биде поврзана со љубовта, како на пример трчање маратон или нов проект на работа.

3. Неочекуваното раскинување

Врската била речиси совршена и одеднаш БУМ, готово е. Најтешко е да се прифати овој тип раскинување, затоа што немате никакво објаснување кога и зошто нештата тргнале наопаку. Па, кој е најдобриот начин на одбрана? Излезете со вашето друштво кое ќе ви помогне да си ја вратите самодовербата и ќе ве потсети колку сте неверојатни.

Дознајте кои се 7-те типови раскинувања и како да се справите со секое од нив

4. Ужасното раскинување

Не само што сте биле вљубени, туку и сте живееле заедно. Овој тип раскинување обично е поврзан со поголеми работи како што се деца, штедни влогови, недвижнини, бизнис и слично. Колку време ќе ви треба за да преболите зависи од тоа колку време сте биле заедно. Ако сте биле заедно 10 години, можеби ќе треба комплетно да го смените вашиот живот или место на живеење.

5. Едностраното раскинување

Со други зборови: Не сте на иста бранова должина и веројатно никогаш нема ни да бидете. Можеби со текот на времето ќе се променат работите, но сега за сега, подобро е да се разделите. Без разлика дали вие сте решиле да раскинете или ви раскинала, ова раскинување ќе биде болно. Но, ќе успеете да го преболите и ќе станете многу посилни.

6. Практичното раскинување

Врските на далечина се најлоши. Сте живееле во различни земји и по 6 месеци полека сте престанале со комуникација. Добрата страна на ова раскинување е тоа што вашиот секојдневен живот нема да се промени многу. Сепак, паметно би било да си ги избришете броевите за да не паднете во искушение и да направите некој пијан (и многу скап) телефонски повик во 2 часот по полноќ.

7. Раскинувањето поради неверство

Ова е можеби најлошиот тип раскинување. Во ваков случај, најдобро е да останете смирени без разлика дали вие сте изневериле или сте биле изневерени. Нема потреба од бурни реакции и агресија, штетата и онака е веќе направена.

И покрај тоа што раскинувањата се болни, не значи дека не можеме да се насмееме на нивна сметка. Прочитајте ги овие смешни начини на раскинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар