Дознајте како мажите откриваат со која жена би сакале да го поминат животот

Дознајте како мажите откриваат со која жена би сакале да го поминат животот

Можеби сте неверојатно привлечни, паметни и одлични во кревет. Поради тоа, мажите веројатно со задоволство ќе се сеќаваат на вас, но тоа не е доволно за да станете жената на неговиот живот. Причината зошто мажите одлучуваат да се оженат потекнува надвор од спалната. Сигурно се прашувате како мажите знаат со која жена сакаат да се оженат. Вистината е дека тие ја одбираат таа која го извлекува најдоброто од нив и ги прави подобри личности.

Дознајте како мажите откриваат со која жена би сакале да го поминат животот

Најпрво, мажите забележуваат дека автомобилот и домот им се почисти. Но, потоа работите се задлабочуваат. Тие почнуваат да сфаќаат дека сакаат да се грижат за вас. Сакаат да знаат каде сте. Се грижат за состојбата на вашиот автомобил и секогаш внимаваат дали имате доволно бензин. Ситниците на кои никогаш не ни помислувале, сега им стануваат многу важни. Тие почнуваат да се грижат за вашите чувства, а не само за вашиот изглед.

По ова признание жените можеби се прашуваат: „Супер! Како да го постигнам тоа?“

Вистината е дека не можете да преземете ништо за да го постигнете тоа. Но, можете да му дозволите да се случи. Станува збор за енергија. Најважното нешто што треба да го знаете е дека мажите ги обожаваат жените што ги сакаат, но не повеќе одошто се сакаат себеси. Љубовта кон самите себеси е повеќе од голема самодоверба. Нема ништо попривлечни од жена која ги познава и прифаќа нејзините доблести и мани.

Вториот услов, што го надополнува првиот, е дека треба да дозволите тоа да се случи. Тоа значи дека треба да му дозволите некому да се грижи за вас и притоа да не се чувствувате непријатно. Треба да знаете колку вредите, не само поради тоа што го правите, туку и поради тоа што сте.

Ќе му дозволите на партнерот да се грижи на вас на тој начин што ќе го оставите да ви го провери автомобилот. Ако се понуди да ви стави бензин, дозволете му наместо да му велите дека можете да го направите тоа сами.

На мажот му треба простор и можност за да стане подобар човек. Со други зборови, мажот сака засекогаш да остане со жената која може да му го направи животот подобар и да му дозволи тој да се грижи за неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар