Дознајте ја скриената порака зад неговиот новогодишен подарок - Part 2

Дознајте ја скриената порака зад неговиот новогодишен подарок

11. Предвидлив подарок

На пример:
  • Парфем кој знае дека го сакате
  • Купон за омилената продавница
  • Убаво, но не премногу скапо, парче накит

Значење: Немав поим што да ти купам, па се шетав по парфимеријата (златарата и слично) додека не ме улови продавачката. Не сум сѐ уште сигурен дали оваа врска ќе потрае, па играм на сигурно. Немам фантазија, немој да ме мразиш затоа што го избрав полесниот начин.

12. Дизајниран подарок

На пример:
  • Што било од некој познат бренд
  • Луксузна чанта
  • Што било од дизајнерската „листа на чекање“

Значење: Имам пари и сакам да те разгалам со подароци. Би било добро да ти се допаѓа, бидејќи немам пари за кафе во идните три месеци. Знам колку ти е важно како изгледаш. Сакав да се покажам.

5-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_

13. Луксузен подарок

На пример:
  • Бунда од кашмир
  • Рачно изработено чоколадо или квалитетен шампањ
  • Сензуална и скапа долна облека

Значење: Имам многу пари, но малку време и на овој начин сакам да се одолжам. Имам многу пари и асистентка со генијален вкус. Вредна си за секој даден денар.

14. Ситен, но важен подарок

На пример:
  • Клучеви од неговиот стан
  • Урамена фотографија од вас двајцата

Значење: Немам пари, но секој денар ќе го потрошам на тебе. Многу си ми важна, но во овој момент не сум во добра финансиска состојба.

15. Подарок купен туку-така, случајно

На пример:
  • Евтин парфем
  • Папучи
  • Садови од продавница

Значење: Имам премногу обврски и поважни работи во животот за да го трошам времето за барање на подарок за тебе.

4-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_

16. Подарок од маж што не е заинтересиран за вас

На пример:
  • Ист или сличен подарок на оној кој претходно ви го подарил
  • Што било од улична продавница
  • Нешто купено од парфимеријата што било на акција

Значење: Не сум вложил ниту труд, ниту време за да ти купам убав подарок, бидејќи и претходно ти купував вакви работи и добро поминалр.

17. Подарок од маж што не ве познава

На пример:
  • Обетки кои целосно се поразлични од оние кои обично ги носите (или воопшто не ги носите)
  • Тава за пржење, а ретко готвите
  • Цеде со класична музика, а вие слушате само рок

Значење: Не те слушам и немам поим за што зборуваш веќе дваесет години.

18. Секси подарок

На пример
  • Синтетичка розова долна облека
  • Кама сутра
  • Униформа на медицинска сестра

Значење: Ми недостига секс. Зошто не си како жените од порно филмовите? Кога ќе се согласиш на секс во тројка?

6-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_

19. Подарок со кој ќе „работите на себе“

На пример:
  • Книга за самопомош
  • Онлајн курс за самодоверба или нешто слично
  • Облека во стил кој му се допаѓа на него, а не на вас

Значење: Изгубена си, потребна ти е помош. Не се гледаш себеси во вистинско светло, дозволи ми да ти помогнам. Не ми е целта да те критикувам, но тој стил воопшто не ти одговара.

20. Авантуристички подарок

На пример:
  • Курс за качување по карпи
  • Излет кој вклучува екстремни спортови

Значење: Сакам да ти дадам до знаење дека не сум тип на личност кој ќе седи на каучот со тебе и ќе гледа филмови. Досадно ми е, да одиме заедно да испробаме нешто ново. Јас сум спортски тип и отсекогаш сум сакал вакви работи.

Погледнете кој е идеалниот празничен подарок за секоја фаза од љубовната врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар