Дознајте дали вашата љубовна врска е успешна за само 60 секунди!

Дознајте дали вашата љубовна врска е успешна за само 60 секунди!

Дали некогаш сте гледале филм во кој врската на главните ликови ви изгледала многу подобра од вашата? Дали таа ви се чинела повозбудлива, пострасна и позабавна? Кој би можел да се натпреварува со врската на Рајан Гослинг и Ема Стоун во „Ла Ла Ленд“? Секако дека холивудските сценаристи се виновни за високите стандарди што ги поставуваат, а се комплетно нереалистични во вистински живот.

Дознајте дали вашата љубовна врска е успешна за само 60 секунди!

Тие ја преточуваат на хартија нивната замисла за најсовршената љубовна врска која подоцна се прикажува на филмското платно за сите ние да ѝ завидуваме и да ја споредуваме со нашата. Но, тие користат еден трик за да го забрзаат процесот и да го зацврстат односот на вљубената двојка, а тоа е монтажата.

Монтажата што е типична за романтичните комедии претставува низа од различни кратки сцени кои се претопуваат во едно за да покажат како поминувало времето. Кога љубовната врска се прикажува преку монтажа, ние можеме да видиме сцени од тоа како главните ликови се шетаат низ паркот некој совршен есенски ден, ги гледаме како готват заедно, како си приредуваат изненадувања, како се бакнуваат додека летаат со балон, како се гушкаат и смеат на теренот за лизгање на мраз откако паднале долу и како водат љубов на плажа некоја врела летна вечер. И сето ова е надополнето со мелодија која совршено одговара на волшебната љубовна атмосфера.

Ви звучи премногу добро за да биде вистинито? Погрешно! Обидете се со оваа кратка терапија која ќе ви помогне да се сетите на тоа колку е всушност успешна вашата врска. Пробајте ја уште веднаш со тоа што ќе помислите на следново:

1. Некој момент од првиот љубовен состанок со партнерот.

2. Моментот кога партнерот ви го дал совршениот подарок.

3. Вашиот прв бакнеж.

4. Денот кога сте правеле некоја физичка активност заедно.

5. Ноќта кога страсно сте воделе љубов.

6. Моментот кога и двајцата сте се изнасмеале до солзи.

Дознајте дали вашата љубовна врска е успешна за само 60 секунди!

7. Некој момент од вашиот одмор кој никогаш нема да го заборавите.

8. Моментот кога за прв пат сте го виделе партнерот или партнерката дотерани за посебна прилика.

9. Моментот кога сте го/ја запознале со вашите пријатели.

10. Некој од многуте тивки моменти дома што сте ги поминале прегрнати гледајќи телевизија.

Секако дека постојат уште многу други „сцени“ од вашиот љубовен живот кои би можеле да ги одберете: Ноќта кога сте прославувале нешто многу важно, кога сте разговарале за глупости, а сте „прскале“ од смеење, кога сте танцувале како никој да не ве гледа… Слободно помислете на оние моменти кои ја отсликуваат оригиналноста на вашата врска.

Сега поврзете ги сите овие моменти во едно, одберете ја совршената песна за да ја надополните атмосферата и почнете да визуализирате. На тој начин ќе си направите ваша лична монтажа која е исто толку добра, ако не и подобра, од она што го гледате на филмовите.

Нареден пат кога ќе почнете да се сомневате во тоа колку си одговарате и да се прашувате дали можеби постои подобар избор за вас, повторете ја оваа вежба. Сите ние можеме да издвоиме сцени од нашата врска за да создадеме извонредна и реалистична монтажа, само треба ги споите во едно во вашата глава. Рајан Гослинг и Ема Стоун би можеле да ѝ позавидат на вашата врска, се согласувате?

Доколку навистина сакате да го зацврстите односот со партнерот, прочитајте ги и овие едноставни правила за здрава и успешна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар