Дознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светот

Дознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светот

Станува збор еден од 16-те типови личности што го поседуваат само 2% од глобалната популација. Познат е како INFJ што значи интровертност, интуиција, чувство, проценка (Introversion, Intuition, Feeling, Judgment), а луѓето кои се одликуваат со овој карактер се нарекуваат „Адвокати“ и се препознатливи по нивната мистериозност и емоционална интелигенција. Тие обично се погрешно разбрани од страна на останатите луѓе.

Дознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светот

Овој тип личност се открива со помош на тестот кој се вика Индикатор на типови (Type Indicator) создаден во 1940-тите од страна на мајката и ќерката Изабел Мајерс и Кетрин Бригс, а се базира на теориите што ги поставил психоаналитичарот Карл Јунг. Тестот ги анализира испитаниците со помош на 4 основни критериуми: Екстровертност наспроти интровертност, разум наспроти интуиција, размислување наспроти чувствување и проценка наспроти перцепција. Врз основа на резултатите, тој го одредува типот на личноста на индивидуата. „Адвокатите“ покажуваат воздржаност и интуитивност од една страна и склоност кон чувствителност и осудување од друга страна.

Тешко е да се препознаат луѓето со INFJ тип на личност, бидејќи нивниот број е многу мал и не сакаат да се експонираат. Тие се многу добри пријатели, ентузијасти и непобедливи шампиони кога ќе решат да дејствуваат за општото добро. Доколку се сомневате дека сте дел од овие ретки луѓе, следниве неколку знаци ќе ви помогнат да дознаете…

Тие имаат доминантен пристап! Кај нив важи правилото: Сѐ или ништо!

Со оглед на тоа што овие луѓе се комбинација од разум и чувства, тие претпочитаат квалитет наместо квантитет. Ако се обидувате да ги измамите, тие веднаш ќе го препознаат тоа и ќе се оддалечат од вас. Тие немаат време за измамници!

Честопати се осамени и „поинакви“

Тие секогаш го очекуваат најдоброто од нивните блиски. Освен тоа, ги има во толку мал број што речиси е невозможно да си најдат истомисленици на повеќето места. Како последица од тоа, се чувствуваат изоставено и осамено во многу ситуации.

Тие се големи емпати и внимателни набљудувачи, така што веднаш ќе можат да ве „прочитат“

Овие луѓе поседуваат неверојатна интуиција на која работеле сиот нивен живот. Тие ќе знаат како се чувствувате веднаш штом ве погледнат.

Дознајте дали сте дел од луѓето со најредок карактер на светот

Нивното присуство зрачи со топлина и пријатност

Тие поседуваат моќ да им помогнат на другите луѓе да се чувствуваат пријатно. Веднаш ќе ја придобијат вашата доверба и ќе се однесуваат со вас на најдобриот можен начин. Токму затоа, тие најчесто им простуваат на блиските луѓе кои им згрешиле.

Тие ја бараат суштинската вистина и не ги поднесуваат празните муабети

Нивната животна цел е да го најдат длабокото значење на сето она што се случува во универзумот! Тие сакаат да разговараат за атоми, живот, општествени проблеми, емоции и други слични филозофски прашања. Никако не можат да ги поднесат празните муабети за времето и површните озборувања.

Тие се држат до нивните убедувања и сакаат да се дружат со луѓе кои го разбираат тоа

Тие имаат многу цврста идеја за светот и за тоа како би требало тој да изгледа. Ако не можете да се согласите со нив, тие попрво би скокнале од зграда отколку да направат компромис. Токму затоа претпочитаат да се дружат со мали групи на луѓе или пак да поминуваат време сами.

Тие знаат како да ги завршат работите

Ако сакате да завршите некоја работа брзо и ефикасно, тогаш препуштете им ја на „адвокатите“! Тие детално ја планираат секоја ситница и постигнуваат извонредни резултати.

Тие секогаш ја гледаат големата слика и вложуваат во долгорочни цели

Овие луѓе секогаш ги разгледуваат сите опции пред да дадат сѐ од себе и доколку забележат дека нешто не им одговара, веднаш се откажуваат и продолжуваат понатаму,

Тие се фокусираат на нивната интуиција

„Адвокатите“ се големи интелектуалци, читатели и мислители. Тие ретко кога ги разгледуваат аргументите и претходните искуства пред да се впуштат во нешто ново. Наместо тоа, секогаш се потпираат на нивната интуиција. Тие продираат длабоко, донесуваат правилни одлуки и успешно ги спасуваат луѓето од незгодни ситуации.

Во продолжение прочитајте ги следниве 30 знаци дека сте емпат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар