Претходно
Домашни „Рафаело“ бомбици
Идентични и верни на оригиналот…
Потребни состојки:
- 400 г шеќер
- 200 мл вода
- 250 г маргарин
- 400 г соино млеко во прав
- 150 г кокос
- излупени бадеми
Начин на подготовка:
Шеќерот и водата ставете ги на оган неколку минути и постојано мешајте. Кога шеќерот ќе се стопи тргнете го садот од оган и во него додадете ги маргаринот, млекото во прав и кокосот. Убаво измешајте и тргнете го садот на страна, за смесата да се олади и стврдне.
Откако сместа ќе се стврдне, правете мали топчиња од неа, ставајќи по еден лупен бадем во средината. На крај протркалајте ги бомбиците во кокос.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Zdravo. Imam uste eden recept za RAFAELO BOMBICI potrebno e: 1 margarin 250g prav seker 5 pudig od vanila 1kg mleko i kokos kolku prima i uste lesnici za vnatre PODGOTOVKA: PUDIKOT SE VARI SO KILO MLEKO I NEKOLKU LAZICI SEKER PO VKUS ILI KAKO SO PISUVA NA PUDIKOT I SE OSTAVA DA SE OLADI POTOA SE MESA MARGARINOT SO PRAV SEKEROT DA SE DOBIE PENESTA SMESA I VO TOA SE DODAVA IZLADENIOT PUSIG UBAVO SE MESA SETO ZAEDNO I POTOA SE STAVA KOKOSOT KOLKU E POTREBNO ZA DA SE DOBIE SMESA ZA BOMBICI VO SEKOE TOPCE SE STAVA LESNIK I SE VALKAAT VO KOKOS. TOLKU LESNO I BRZO. DOBAR APETIT