Домашни кифлички со сирење и шунка: Одличен појадок за викенд!

Домашни кифлички со сирење и шунка: Одличен појадок за викенд!

Испробајте го овој едноставен рецепт за кифлички во кои ќе уживате и додека ги печете и додека ги јадете.

Домашни кифлички со сирење и шунка: Одличен појадок за викенд!

Потребни состојки:

  • 1 кг мазно брашно
  • 1 свеж квасец
  • 200 мл топло млеко
  • Сол
  • Масло
  • 400 мл вода

Потребни состојки за филот:

  • 150 грама шунка
  • 150 грама сирење

Начин на подготовка:

  1. Во топлото млеко разматете го квасецот и оставете го да се подига околу половина час.
  2. Во брашното додајте сол, масло и квасецот.
  3. Со водата замесете меко тесто.
  4. Оставете го да се подига на топло уште еден час.
  5. Тестото поделете го на 5 топчиња со иста големина, растегнете ги и потоа секој дел исечете го на 4 триаголници.
  6. Во секој триаголник ставете по малку рендано сирење (или кашкавал) и шунка и завиткајте.
  7. Ставете ги кифличките во тава обложена со хартија за печење и одозгора премачкајте ги со жолчка.
  8. По желба, посипете им сусам или ким.
  9. Печете ги 20 минути на 180 степени Целзиусови.

Еве уште една идеја за појадок: Бурито со јајца и зеленчук кое е добро и за слабеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар